logo

Поттикнување дебата за отчетност и антикорупција

Главната цел на проектот е да придонесе кон реформските процеси во Северна Македонија преку зајакнување на улогата на Собранието во борбата против корупцијата и креирањето реформи во владеењето на правото.

Во пресрет на парламентарните избори во 2024 година, проектот ќе соработува со политичките партии и пратениците со цел вградување јавен дискурс заснован на факти во политичкиот дијалог и стимулирање дискусии за сеопфатни и ефективни антикорупциски заложби. Во таа насока, проектот ќе преземе активности кон рационализирање на антикорупциските препораки во изборните програми на политичките партии, застапување за вклучување на антикорупциски заложби во изборните програми, зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци, и организирање на предизборни јавни дискусии со политичките партии со цел увид во нивните антикорупциски мерки.

Преку овозможување на дијалози за политики помеѓу политичките партии, нивните подмладоци, пратениците и граѓанското општество, проектот се стреми да оствари три специфични цели:

1. Зајакнување на антикорупциските заложби во изборните програми на политичките партии како основа за креирање реформи засновани на докази, и поттикнување на поширок косензус за приоритетите и неопходните активности за ефективно справување со корупцијата.

2. Зајакнување на капацитетите на Собранието, особено на пратениците, за активно вклучување во надзорни активности и значаен придонес кон евалуација и креирање на Националната стратегија за борба против корупцијата.

3. Мобилизирање на јавна поддршка за антикорупциски заложби засновани на докази и вршење притисок врз политичарите и функционерите за имплементирање на сеопфатни политики и мерки.

Времетраење: октомври 2023 – септември 2025

Одобрени средства: 100.500 американски долари

Донатор: Национален фонд за демократија (National Endowment for Democracy – NED)

Настани поврзани со проектот

Јакнење на капацитетите на партиските подмладоци за борба против корупцијата: Четврта обука на ИДСЦС

30.08.2024

Институтот за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 30 и...

Dokument për politika publike për promovimin e punës së Shoqatës së gjyqtarëve dhe Shoqatës së prokurorëve publikë

30.08.2024

Pavarësia dhe profesionalizmi i gjyqësorit nuk janë të rëndësishme vetëm...

Antikorrupsioni 2030: Ku duhet të jetë fokusi i Kuvendit?

29.08.2024

Forsajt analizat janë një mjet për identifikimin në kohë të...

Антикорупција 2030: Каде треба да е фокусот на Собранието?

29.08.2024

Форсајт анализите претставуваат алатка за навремено идентификување потенцијални ризици и...

“Kuvendi 2024-2028: Angazhime të reja në luftën kundër korrupsionit”

31.07.2024

Instituti për Demokraci organizoi një diskutim midis deputetëve, institucioneve përkatëse...

Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата

31.07.2024

Институтот за демократија организираше дискусија помеѓу пратениците, релевантните институции и...

Споредба на изборни програми на политичките партии во доменот на мерки за борба против корупција

26.04.2024

Корупцијата е сеприсутна закана за интегритетот и работата на институциите...

Rekomandime nga organizatat e shoqërisë civile për luftën kundër korrupsionit dhe qeverisjes së mirë

28.02.2024

Ky dokument përmban gjetjet dhe rekomandimet kryesore nga organizatat e...

Препораки од граѓанските организации за борба против корупцијата и добро управување

28.02.2024

Овој документ ги содржи главните наоди и препораки од страна...

Lënda: Thirrje e hapur për person për mbledhjen e të dhënave

15.01.2024

Thirrja e hapur për mbledhës të të dhënave është në...

Отворен повик за собирач на податоци

15.01.2024

Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на...

Обука за зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци за креирање политики и антикорупција

21.12.2023

Институт за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 16 и...

Поврзани објави