Работилници со интерактивна програма во Крушево и Маврово
Што е корупција, кои се нејзините најчести форми и како влијае врз секојдневието? Како изгледаат механизмите за транспарентност во општините и што можат да направат идните советници за да изградат доверба кај граѓаните?
Во период кога политичките партии ги креираат своите изборни програми и се подготвуваат за претстојните Локални избори, Институтот за демократија реализира две обуки во Крушево и Маврово со дваесетина млади претставници од подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ЗНАМ, Алтернатива, Aлијанса за Албаниците и НСДП. Обуката во Крушево се одржа од 3 до 5 септември, а во Маврово од 19 до 21 септември.
Фокусот беше ставен на транспарентноста на општините и предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа во борбата против корупцијата. Преку интерактивни работилници и групни вежби, учесниците работеа на сценарија од вистинскиот живот, учеа како да препознаат коруптивни ситуации и како може да реагираат во улога на идни советници. Тие се запознаа и со клучните предизвици со кои се соочуваат општините и јавните претпријатија, како и со низа препораки за нивно надминување.
Интерактивни вежби за препознавање и спречување корупција
Младите учесници ги идентификуваа најважните проблеми со кои се соочуваат нивните заедници и ги поврзаа со прашањата на корупцијата. Врз основа на тоа, развија конкретни идеи и решенија што во иднина би можеле да ги застапуваат во рамките на своите партии или како избрани претставници во општините.
Сценаријата за секторска корупција опфатија примери од здравството, образованието, животната средина и јавните услуги. Дополнително, дел од агендата беа практични вежби како антикорупцискиот Escape Room, каде што тимовите со логика и тимска работа решаваа предизвици за да излезат од „лавиринтот“.
Учесниците имаа можност и самите да ги идентификуваат најважните проблеми во своите заедници, а потоа да ги поврзат со прашањата на корупцијата. На таа основа, развија конкретни идеи и решенија кои во иднина би можеле да ги застапуваат во рамките на своите партии или како избрани претставници во општините.
Овие обуки претставуваат значаен чекор и практична вежба за активно и одговорно учество на младите во креирањето на изборните програми и во зајакнувањето на антикорупцискиот карактер на локалната политика.
Што научија учесниците и како ќе го применат стекнатото знаење?
Дел од учесниците споделија што научиле на обуката и како тоа знаење ќе го применат понатаму во своето делување.
Елена Крстевска од Прилеп е членка на партијата ВМРО–ДПМНЕ, кандидат е за советник на претсојните локални избори и работи како специјален едукатор и рехабилитатор. Таа нагласи дека обуката ѝ овозможила подлабоко разбирање на проблемот и ќе ѝ биде значајна во професионалното и политичкото делување.
„Сите ние имаме слушнато за корупција, но секако има уште многу да се учи за оваа тема и да се навлезе подлабоко во корените и мерките за спречување. И секако, вака ќе можеме да пренесеме знаење понатаму за оваа важна тема за нашето општество“, вели таа.
Тамара Тренчевска е од Куманово, исто така кандидат за советник за локалните избори од партијата ЗНАМ, а по професија е педагог. Таа смета дека корупцијата длабоко го има изменето системот на вредности во нашето општество и дека за жал ја има и во секторот образование.
„Ваков тип на работилници се особено важни за нас младите кои сега влегуваме во политиката. Она што го научив тука за овие неколку дена сигурна сум дека трајно ќе ми се најде во работата. Борбата против корупцијата не е едноставен процес и не може да ја реши само еден поединец. Затоа, најважно е сите заедно да работиме на развивање на свеста за штетата што ја прави корупцијата, за утре да живееме во поправедно и побезбедно општество“, вели Тренчевска.
На работилницата се дружевме и со Фис Идризи, студент на Факултетот за компјутерски науки од Тетово, кој е член на партијата ДУИ. Тој потенцира дека размената на идеи со колеги од различни партии е основа за заеднички антикорупциски иницијативи.
„Навистина научив многу аспекти за корупцијата на работилницата, а истовремено запознав и многу млади луѓе од останатите партии со кои разменивме идеи како во иднина треба да се справуваме со корупцијата. Јас сум убеден дека само вака, со заеднички сили можеме да направиме реални промени за сите“, ни сподели Идризи.
Обуките се спроведоа во рамки на проектот „Поттикнување дебата за отчетност и антикорупција“ преку кој Институт за демократија соработува со политичките партии и нивните подмладоци. Целта на проектот е воспоставување јавен дискурс заснован на факти во политичкиот дијалог и стимулирање дискусии за сеопфатни и ефективни антикорупциски заложби.
Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија на САД (National Endowment for Democracy – NED), и цели да придонесе кон реформските процеси во Северна Македонија преку зајакнување на улогата на Собранието во борбата против корупцијата и креирањето реформи во владеењето на правото.
Настани поврзани со проектот
Како до подобро управување на локално ниво?
12.09.2025Јакнење на капацитетите на партиските подмладоци за борба против корупцијата: Четврта обука на ИДСЦС
30.08.2024Институтот за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 30 и...
Dokument për politika publike për promovimin e punës së Shoqatës së gjyqtarëve dhe Shoqatës së prokurorëve publikë
30.08.2024Pavarësia dhe profesionalizmi i gjyqësorit nuk janë të rëndësishme vetëm...
Antikorrupsioni 2030: Ku duhet të jetë fokusi i Kuvendit?
29.08.2024Forsajt analizat janë një mjet për identifikimin në kohë të...
Антикорупција 2030: Каде треба да е фокусот на Собранието?
29.08.2024Форсајт анализите претставуваат алатка за навремено идентификување потенцијални ризици и...
“Kuvendi 2024-2028: Angazhime të reja në luftën kundër korrupsionit”
31.07.2024Instituti për Demokraci organizoi një diskutim midis deputetëve, institucioneve përkatëse...
Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата
31.07.2024Институтот за демократија организираше дискусија помеѓу пратениците, релевантните институции и...
Cilat rreziqe nga korrupsioni duhet të merren parasysh në Ministrinë e re të Energjetikës, Minierave dhe Burimeve Minerale
26.07.2024Me ndryshimet e fundit në Ligjin për organizimin dhe funksionimin...
На кои ризици од корупцијата треба да се внимава во новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини?
26.07.2024Со најновите измени на Законот за организација и работа на...
Трета обука за зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци за креирање политики и антикорупција
10.07.2024Институт за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 2 и...
Во борбата против корупција клучни се политичката волја, натпартиските напори и враќање на довербата во институциите
05.07.2024Потребна е исклучителна политичка волја и од власта и од...
Споредба на изборни програми на политичките партии во доменот на мерки за борба против корупција
26.04.2024Корупцијата е сеприсутна закана за интегритетот и работата на институциите...
Втора обука за зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци за креирање политики и антикорупција
20.03.2024Институт за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 16 и...
Rekomandime nga organizatat e shoqërisë civile për luftën kundër korrupsionit dhe qeverisjes së mirë
28.02.2024Ky dokument përmban gjetjet dhe rekomandimet kryesore nga organizatat e...
Препораки од граѓанските организации за борба против корупцијата и добро управување
28.02.2024Овој документ ги содржи главните наоди и препораки од страна...
Lënda: Thirrje e hapur për person për mbledhjen e të dhënave
15.01.2024Thirrja e hapur për mbledhës të të dhënave është në...
Отворен повик за собирач на податоци
15.01.2024Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на...
Обука за зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци за креирање политики и антикорупција
21.12.2023Институт за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 16 и...



































