logo

Визија Мисија Цели

На својот пат, ИДСЦС има визија за Македонија како високо развиена демократија на слободни и активни граѓани.
Мисијата на ИДСЦС е поддршка на развојот на демократските процеси преку промоција на креирање на политики базирани на истражување, анализи и консултација со засегнатите страни.
ИДСЦС го истражува развојот на доброто управување, владеењето на правото и европските интеграции на Македонија. ИДСЦС има мисија да ја помогне граѓанската вклученост во носењето на одлуки и да ја зајакне партиципативната политичка култура. Преку зајакнување на слободарските вредности, ИДСЦС придонесува на соживот помеѓу различностите.
Во остварувањето на визијата и мисијата, наши долгорочни цели се:
  • Балансиран социо економски развој
  • Активна граѓанска вклученост
  • Партиципативна политичка култура
  • Остварување на либерални вредности во општеството
  • Почит кон владеење на правото и доброто владеење
  • Промоција на одржливо образование
  • Остварување на процес на донесување на одлуки заснован на докази
  • Мултиетничко и мултикултурно сопостоење