fbpx
logo

Промоција на „Документ за унапредување на доброто управување преку изборните програми на локалните избори 2025″

Процесот на децентрализација на власта во Северна Македонија значеше пренесување на овластувања, надлежности и ресурси од централната власт кон општините, со цел поголемо граѓанско учество и поефикасно решавање на локалните проблеми. Но, децении подоцна, општините сè уште се соочуваат со нецелосна децентрализација, непотполна прераспределба на надлежностите и недоволна финансиска независност, што директно се одразува на квалитетот на животот на граѓаните.

Токму преку локалната власт тие најнепосредно ги чувствуваат ефектите на јавните политики, од состојбата на патиштата и чистотата на јавните простори, до квалитетот на воздухот, водата, здравството и образованието. Затоа, ефикасната и одговорна локална самоуправа не е само административна потреба, туку темел на достоинствен живот и доверба во јавните институции.

Токму поради тоа, непосредно пред Локалните избори 2025, на 30 септември Институтот за демократија „Социетас цивилис” – Скопје организираше јавна промоција на ,,Документот за унапредување на доброто управување преку изборните програми на локалните избори 2025”.

Настанот беше наменет за носителите на советничките листи, кандидати за советници и претставници на раководствата на политичките партии и изборните тимови.

Документот е резултат на истражувања спроведени од триесетина граѓански организации во изминатите четири години и опфаќа наоди и препораки од повеќе области на локалното управување: финансиско работење и буџетска дисциплина, урбанизам и градежништво, животна средина, јавни претпријатија и комунални услуги, дигитализација, јавна безбедност и други.

Целта на настанот беше овие препораки да им бидат директно презентирани на идните носители на одлуки на локално ниво, пред да стапат на функција, со очекување дека ќе ги земат предвид при креирањето на своите изборни програми и во понатамошното управување со општините. Појдовна точка на сите препораки е доброто управување и јавниот интерес, со посебен акцент на транспарентноста, отчетноста и отпорноста на корупција.

Овој настан е организиран како дел од проектот „Поттикнување дебата за отчетност и антикорупција“ кој цели да придонесе кон реформски процеси во Северна Македонија преку зајакнување на улогата на Собранието во борбата против корупцијата и креирањето реформи во владеење на правото, овозможувајќи дијалог меѓу партиите и подмладоците, како и меѓу пратениците и граѓанското општество. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија.

 

Настани поврзани со проектот

obuka-na-podmladoci-na-politicki-partii | IDSCS

Јакнење на капацитетите на партиските подмладоци за борба против корупцијата: Четврта обука на ИДСЦС

30.08.2024

Институтот за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 30 и...

Dokument për politika publike për promovimin e punës së Shoqatës së gjyqtarëve dhe Shoqatës së prokurorëve publikë

30.08.2024

Pavarësia dhe profesionalizmi i gjyqësorit nuk janë të rëndësishme vetëm...

Antikorrupsioni 2030: Ku duhet të jetë fokusi i Kuvendit?

29.08.2024

Forsajt analizat janë një mjet për identifikimin në kohë të...

Антикорупција 2030: Каде треба да е фокусот на Собранието?

29.08.2024

Форсајт анализите претставуваат алатка за навремено идентификување потенцијални ризици и...

“Kuvendi 2024-2028: Angazhime të reja në luftën kundër korrupsionit”

31.07.2024

Instituti për Demokraci organizoi një diskutim midis deputetëve, institucioneve përkatëse...

Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата

31.07.2024

Институтот за демократија организираше дискусија помеѓу пратениците, релевантните институции и...

Споредба на изборни програми на политичките партии во доменот на мерки за борба против корупција

26.04.2024

Корупцијата е сеприсутна закана за интегритетот и работата на институциите...

Rekomandime nga organizatat e shoqërisë civile për luftën kundër korrupsionit dhe qeverisjes së mirë

28.02.2024

Ky dokument përmban gjetjet dhe rekomandimet kryesore nga organizatat e...

Препораки од граѓанските организации за борба против корупцијата и добро управување

28.02.2024

Овој документ ги содржи главните наоди и препораки од страна...

Lënda: Thirrje e hapur për person për mbledhjen e të dhënave

15.01.2024

Thirrja e hapur për mbledhës të të dhënave është në...

Отворен повик за собирач на податоци

15.01.2024

Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на...

Обука за зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци за креирање политики и антикорупција

21.12.2023

Институт за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 16 и...

Поврзани објави