Институтот за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 30 и 31 јули на Попова Шапка ја одржа четвртата обука за креирање политики и борба против корупцијата наменета за подмладоците на политичките партии.
На обуката учествуваа претставници на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН.
Обуката имаше за цел да ги зајакне капацитетите на партиските подмладоци за креирање политки, со посебен фокус на антикорупциските политики, како и да ги надгради вештините и знаењата на подмладоците за борба против корупцијата.
Ова е четвртата од неколкуте предвидени обуки во рамки на проектот „Поттикнување дебата за отчетност и антикорупција“ преку кој Институтот за демократија соработува со политичките партии со цел вградување јавен дискурс заснован на факти во политичкиот дијалог и стимулирање дискусии за сеопфатни и ефективни антикорупциски заложби.
Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија на САД (National Endowment for Democracy – NED), и цели да придонесе кон реформските процеси во Северна Македонија преку зајакнување на улогата на Собранието во борбата против корупцијата и креирањето реформи во владеењето на правото.