Извештајот покажува релативно ниско ниво на квалитетот на дебатата во Собранието во овој мандат и го потврдува заклучокот дека постои простор за значително подобрување. На скалата од 1 – најнизок до 10 – највисок, средната оцена на квалитетот на дебатата во Собранието во првото полугодие на 2025 година е 5,7, што значи благо подобрување споредено со претходнито мониторинг период (јули – декември 2024, 5,5).
Активноста на пратениците беше набљудувана според тоа колку често се јавиле за збор и колку минути се задржале на пратеничката говорница. Меѓу пратениците кои најчесто се јавувале за збор се седум пратеници од опозицијата и тројца од мнозинство. Истиот размер на опозиција – мнозинство го има и при мерење на минутажата на говорите, односно седум пратеници од опозицијата најмногу се задржале на говорницата наспроти тројца од власта.
Тројцата најактивни пратеници во двата параметри се Сали Мурати, Јованка Тренчевска и Бојан Стојаноски.
Иако учеството на жените во дискусијата е зголемено за 3% во споредба со претходниот набљудувачки период и сега изнесува 37%, тоа сè уште е под нивото од 2022 и 2023 година, кога надминуваше 40%.
Во 27% од сите анализирани дискусии, учесниците немаа аргументи, додека во 54% од анализираните дискусии имаа слаба аргументација, односно говорниците им понудија образложение на своите позиции што не е доволно да се смета за еден целосен аргумент.
Нивото на аргументирање бележи благо подобрување во споредба со второто полугодие на 2024 и 2023 година. Во набљудувачкиот период се одржаа пет редовни и три дополнителни седници на пратенички прашања за опозицијата. Сесијата за март 2025 година не се одржа, како резултат на националната жалост по трагедијата во Кочани.
Во однос на тоа како пратениците одговараат на упатени аргументи од страна на други пратеници, набљудувањето забележува дека во 14% од нивните излагања, пратениците соодветно ги адресирале аргументите, односно пратеникот/пратеничката директно одговорил/а на аргументи
што претходно му ги упатил друг учесник во дискусијата.
Во овој период на известување во набљудуваните дискусии не беше забележана промена на ставот кај пратениците поради подобри аргументи на соговорниците, што е на исто ниво со набљудуваните дискусии од минатиот пратенички состав.
Од јануари до јуни 2025 година беше набљудувано разгледувањето на 15 извештаи од независни и регулаторни тела поднесени до Собранието. За девет извештаи не се водеше дискусија во пленарните и комисиски седници во овој период на известување. За два извештаи дискусијата
беше значително кратка, додека за останатите четири извештаи од независни и регулаторни тела пратениците развија дискусија во комисиските и пленарните седници и тие подлегнаа на одредено ниво на контрола.
Во периодот јануари – јуни 2025 година пратениците во над три четвртини од своите говори, не се осврнаа ниту кон аргументите на соговорникот од друга политичка опција11 (76%) ниту кон нивната
личност (80%).12 Овој однос се разликува од претходниот период на набљудување на минатиот пратенички состав кога аргументите на соговорниците не биле адресирани во маргинално поголем процент (79%). Дополнително, може да се заклучи дека пратениците во остатокот од своите говори помалку се осврнуваат кон личните карактеристики на соговорниците, а повеќе кон разгледување на нивните аргументи.
Извештајот го потврдува и опаднатиот осврт на пратениците кон правата на маргинализираните групи, низ сите периоди на набљудување. Забележано е дека пратениците во 86% од нивната дискусија, не се осврнуваат кон правата на маргинализираните групи, доколку специфично не се дискутира за одреден закон или тема на дневен ред поврзано за нивните права. Иако пратениците генерално ретко се осврнуваат на правата на маргинализираните групи и заедници,
пратеничките во поголема мера се осврнуваат на овие заедници за разлика од нивните колеги пратеници.
Прочитајте го целосниот извештај:
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јануари – јуни 2025)
Настани поврзани со проектот
KUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (KORRIK – DHJETOR 2023)
03.06.2024Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...
ПОГЛЕД НА СОБРАНИЕ: ИЗВЕШТАЈ ОД НАБЉУДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ДЕБАТАТА ВО СОБРАНИЕТО (ЈУЛИ – ДЕКЕМВРИ 2023)
03.06.2024Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието за...
Повик за експерт за управување со кризи
26.02.2024Отворениот повик за експерт за управување со кризи – продолжување...
Harmonizimi i legjislacionit kombёtar me legjislacionin e BE-sё: Njё pasqyrё krahasuese e Maqedonisё sё Veriut me Shqipёrinё dhe Serbinё
15.01.2024Procesi i harmonizimit të legjislacionit të brendshëm të vendit kandidat...
Хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ: Компаративен преглед на Северна Македонија со Албанија и Србија
15.01.2024Процесот на хармонизација на домашното законодавство на државата кандидат со...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание
11.01.2024Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР
11.01.2024Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за консултантски услуги
27.11.2023Отворениот повик за експерт за Антикорупциската проверка на легислативата, e...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР
20.11.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание
20.11.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
КUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (JANAR – QERSHOR 2023)
15.08.2023Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јануари – јуни 2023)
15.08.2023Извештајот го покажува релативно ниското ниво на квалитетот на дебатата...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024
31.07.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Kuvend me ndjeshmëri gjinore dhe barazia gjinore në skenën politike: Rishikimi i situatës në Maqedoninë e Veriut
12.07.2023Rezultati i Indeksit të Barazisë Gjinore në Maqedoninë e Veriut...
Родово сензитивно Собрание и родовата еднаквост на политичката сцена: Осврт кон состојбите во Северна Македонија
12.07.2023Оценката на индексот за родова еднаквост во Северна Македонија за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024
14.06.2023Во период од 14 јуни до 5 јули 2023 година отворен е повик за...
Анкета на „Програмата за парламентарна поддршка“: Граѓаните со ниска доверба во Собранието и пратениците
09.06.2023Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето...
KUVENDI NËN THJERËZ: PERCEPTIMI I QYTETARËVE PËR PUNËN E KUVENDIT TË REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT (2023)
31.05.2023Në periudhën shkurt – prill 2023, Instituti për Demokraci “Societas...
Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2023)
31.05.2023Во периодот февруари – април 2023 година, Институтот за демократија...
Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit në Kuvend (korrik – dhjetor 2022)
16.02.2023Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit...
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2022)
16.02.2023Извештајот од набљудувањето на дебатата во собранието за периодот од...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023
20.01.2023Во период од 20 јануари до 3 февруари 2023 година...
Cilёsia e debatit: A ndikon konvokimi i vonuar i seancave, mbi cilёsinё e debatit nё Kuvend?
29.12.2022Në pajtim me nenin 67 të Rregullores së Kuvendit të...
Квалитет на дебата: Дали влијае ненавременото закажувањето на седниците на квалитетот на дебатата во Собранието?
29.12.2022Согласно член 67 од Деловникот на Собранието на Република Северна...
Извештај од фокус-групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси, а партиите прават раздор
07.12.2022Институт за демократија, денеска во Хотел Лимак, пред претставниците на...
Извештај за фокус групи: Јавната перцепција за довербата во политичките партии, јавните институции и квалитетот на животот во Северна Македонија
06.12.2022Во септември 2022 г., Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ -...
Hulumtim i grupeve të fokusit: Perceptimi publik mbi besimin në partitë politike, institucionet publike dhe cilësinë e jetës në Maqedoninë e Veriut
21.11.2022Në shtator 2022, Instituti për Demokraci "Societas Civilis" Shkup, si...
Повик за Швајцарска стипендиска програма 2022/2023
14.11.2022Во период од 14 ноември до 1 декември 2022 година отворен е повик за...
Drejt njё Kuvendi mё efikas dhe konstruktiv pёrmes ndryshimeve procedural
17.10.2022Pjesëmarrja aktive e deputetëve në jetën parlamentare është e një...






























