Оцената за квалитетот на дебата за периодот јули – декември 2025 година, на скала од 1 до 10 е 5,7, што е на исто ниво со квалитетот на дебатата во првото полугодие на 2025 година.
Имајќи предвид дека квалитетот на дебатата во првите седум месеци од овој парламентарен состав (јуни – декември 2024 год.) беше оценето со 5.5, може да се заклучи благо подобрување во квалитетот на дебатата и задржување на тоа ниво. Сепак, подобрувањето е релативно скромно и укажува на тоа дека структурните и содржинските предизвици во парламентарната расправа сè уште се присутни.

Активноста на пратениците беше набљудувана според тоа колку често се јавиле за збор и колку минути се задржале на пратеничката говорница. Меѓу пратениците кои најчесто се јавиле за збор, се најдоа седум пратеници од опозицијата и тројца пратеници од власта. Во однос на тоа колку долго се задржале пратениците на говорница, во првите десет се најдоа осум пратеници од опозицијата и двајца од мнозинството. Тројцата пратеници кои на собраниската говорница се задржаа најдолго и најмногу пати се јавиле за збор се Сали Мурати, Фатмир Битиќи и Јованка Тренчевска.
Меѓу десетте пратеници кои најчесто се јавуваа за збор и/или најдолго се задржаа на говорница во овој период на набљудување има четири жени и седум мажи.
Во 21% од сите анализирани дискусии, учесниците во парламентарната дебата немаа аргументи за поддршка на нивните позиции, додека во 49% од анализираните дискусии имаа слаба аргументација, односно говорниците им понудија образложение на своите позиции што не е доволно да се смета за еден целосен аргумент. Во 21% од набљудуваните дискусии говорниците користеа барем еден аргумент за да ја образложат нивната позиција.
Нивото на аргументирање во 2025 година бележи благо подобрување во споредба со второто полугодие на 2024 и 2023 година. Доколку се анализира степенот на аргументација на говорите според типот на говорите, се забележува дека аргументацијата е изразено пониска во репликите и контрарепликите споредено со говорите, што значително придонесува кон ниската средна оцена на квалитет на дебата во Собранието.
Во однос на тоа како пратениците одговараат на упатени аргументи кон нив од страна на други пратеници, набљудувањето забележува дека само во 10% од нивните излагања, пратениците соодветно ги адресирале аргументите, односно пратеникот/пратеничката директно одговорил/а на аргументи што претходно му ги упатил друг учесник во дискусијата. За разлика од претходните периоди на набљудување, во кои беше евидентиран континуиран тренд на подобрување, во овој период е забележан најнизок процент на соодветно адресирање на аргументите.
Во периодот јули – декември 2025 година пратениците во мнозинството од своите говори, не се осврнаа ниту кон аргументите на соговорниците (78%) ниту кон нивната личност (78%). Овој однос е речиси на исто ниво со претходниот период на набљудување. Во овој период беше набљудувано разгледувањето на четири извештаи 13 од независни и регулаторни тела поднесени до Собранието. За еден извештај не се водеше дискусија, додека за останатите три извештаи дискусијата беше значително кратка, што значи во овој дел на надзорна улога на Собранието, изостана позначително одредено ниво на контрола.
Во набљудувачкиот период се одржаа три редовни и две дополнителни седници на пратенички прашања за опозицијата. Редовните пратенички прашања за септември и октомври не се реализираа поради одлуката на пратениците да не заседаваат за време на изборната кампања за локалните избори.
Извештајот го потврдува и опаднатиот осврт на пратениците кон правата на маргинализираните групи, низ сите периоди на набљудување. Забележано е дека пратениците во 79% од нивната дискусија, што претставува извесно подобрување од минатиот период кога процентот достигна 87%.
Забележано е дека пратениците во најголем дел од нивните излагања не се осврнуваат кон правата на маргинализираните групи, доколку специфично не се дискутира за одреден закон или тема на дневен ред поврзано за нивните права.
Препораки за унапредување на квалитетот на парламентарната дебата:
- Да се зголеми квалитетот и аргументираноста на парламентарната дебата преку системско унапредување на подготовката и излагањата на пратениците.
- Да се зајакнат знаењата, дебатните и ораторските вештини на пратениците преку континуирана обука и едукација, при што ќе се обезбеди системска поддршка за новоизбраните пратеници, со посебен фокус на аргументирано излагање и ефективна употреба на достапните аналитички алатки.
- Да се користат поинтензивно и поефективно услугите, анализите и истражувањата на Парламентарниот институт и Парламентарната буџетска канцеларија.
- Aктивно да се применува Процената на влијанието на регулативата (ПВР) во работата на Собранието, вклучително и за предлог-законите поднесени од пратеници.
- Скратените законодавни постапки, вклучително и т.н. „европско знаменце“, да се користат внимателно и само во ограничени и оправдани контексти, со цел да не се ограничува парламентарната дебата.
- Да се зајакне надзорната улога на Собранието преку поактивно следење и оценување на стратешките политики и реформските процеси на Владата.
- Да се поттикне поголемо вклучување на граѓаните, невладиниот сектор и експертската јавност во законодавниот процес, вклучително и преку законодавни јавни расправи.
- Да се поттикне користење примери од искуствата, интересите и потребите на граѓаните во парламентарните дебати и активно да се реагира на дискриминаторски и сексистички говор.
- Да се примени календар на пленарните и комисиските седници со цел зголемена предвидливост, подобра подготовка и поквалитетна парламентарна дебата.
Прочитајте го целосниот извештај:
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2025)
Оваа публикација е изработена во рамките на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), проект на Владата на Швајцарија под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија. ПСП ја спроведуваат Националниот демократски институт (НДИ), Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП). Искажаните мислења, ставови и содржини не ги отсликуваат ставовите на проектот, донаторот и спроведувачот.
Настани поврзани со проектот
KUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (KORRIK – DHJETOR 2023)
03.06.2024Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...
ПОГЛЕД НА СОБРАНИЕ: ИЗВЕШТАЈ ОД НАБЉУДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ДЕБАТАТА ВО СОБРАНИЕТО (ЈУЛИ – ДЕКЕМВРИ 2023)
03.06.2024Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието за...
Повик за експерт за управување со кризи
26.02.2024Отворениот повик за експерт за управување со кризи – продолжување...
Harmonizimi i legjislacionit kombёtar me legjislacionin e BE-sё: Njё pasqyrё krahasuese e Maqedonisё sё Veriut me Shqipёrinё dhe Serbinё
15.01.2024Procesi i harmonizimit të legjislacionit të brendshëm të vendit kandidat...
Хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ: Компаративен преглед на Северна Македонија со Албанија и Србија
15.01.2024Процесот на хармонизација на домашното законодавство на државата кандидат со...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание
11.01.2024Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР
11.01.2024Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за консултантски услуги
27.11.2023Отворениот повик за експерт за Антикорупциската проверка на легислативата, e...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР
20.11.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание
20.11.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
КUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (JANAR – QERSHOR 2023)
15.08.2023Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јануари – јуни 2023)
15.08.2023Извештајот го покажува релативно ниското ниво на квалитетот на дебатата...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024
31.07.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Kuvend me ndjeshmëri gjinore dhe barazia gjinore në skenën politike: Rishikimi i situatës në Maqedoninë e Veriut
12.07.2023Rezultati i Indeksit të Barazisë Gjinore në Maqedoninë e Veriut...
Родово сензитивно Собрание и родовата еднаквост на политичката сцена: Осврт кон состојбите во Северна Македонија
12.07.2023Оценката на индексот за родова еднаквост во Северна Македонија за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024
14.06.2023Во период од 14 јуни до 5 јули 2023 година отворен е повик за...
Анкета на „Програмата за парламентарна поддршка“: Граѓаните со ниска доверба во Собранието и пратениците
09.06.2023Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето...
KUVENDI NËN THJERËZ: PERCEPTIMI I QYTETARËVE PËR PUNËN E KUVENDIT TË REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT (2023)
31.05.2023Në periudhën shkurt – prill 2023, Instituti për Demokraci “Societas...
Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2023)
31.05.2023Во периодот февруари – април 2023 година, Институтот за демократија...
Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit në Kuvend (korrik – dhjetor 2022)
16.02.2023Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit...
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2022)
16.02.2023Извештајот од набљудувањето на дебатата во собранието за периодот од...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023
20.01.2023Во период од 20 јануари до 3 февруари 2023 година...
Cilёsia e debatit: A ndikon konvokimi i vonuar i seancave, mbi cilёsinё e debatit nё Kuvend?
29.12.2022Në pajtim me nenin 67 të Rregullores së Kuvendit të...
Квалитет на дебата: Дали влијае ненавременото закажувањето на седниците на квалитетот на дебатата во Собранието?
29.12.2022Согласно член 67 од Деловникот на Собранието на Република Северна...
Извештај од фокус-групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси, а партиите прават раздор
07.12.2022Институт за демократија, денеска во Хотел Лимак, пред претставниците на...
Извештај за фокус групи: Јавната перцепција за довербата во политичките партии, јавните институции и квалитетот на животот во Северна Македонија
06.12.2022Во септември 2022 г., Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ -...
Hulumtim i grupeve të fokusit: Perceptimi publik mbi besimin në partitë politike, institucionet publike dhe cilësinë e jetës në Maqedoninë e Veriut
21.11.2022Në shtator 2022, Instituti për Demokraci "Societas Civilis" Shkup, si...
Повик за Швајцарска стипендиска програма 2022/2023
14.11.2022Во период од 14 ноември до 1 декември 2022 година отворен е повик за...
Drejt njё Kuvendi mё efikas dhe konstruktiv pёrmes ndryshimeve procedural
17.10.2022Pjesëmarrja aktive e deputetëve në jetën parlamentare është e një...






























