Контролата што Собранието ја врши и поддршката што им ја обезбедува на антикорупциските институции остануваат клучни, но сè уште недоволно искористени механизми во борбата против корупцијата, која директно го загрозува животот и живеачката на граѓаните.
Ова се дел од заклучоците од денешната тркалезна маса „Една година подоцна: До каде е Собранието со борбата против корупцијата?“, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, што се одржа во хотел Парк во Скопје.
На настанот, особено беа нагласени праксата на честа употреба на скратена постапка при носењето закони без јавни консултации и експертски дебати, ограничениот опсег на досегашните активности на Меѓупартиската парламентарна група против корупција, како и потребата Собранието поактивно да ја извршува својата надзорна функција врз независните антикорупциски институции. Присутните соговорници се согласија дека доследната и непристрасна борба против корупцијата останува клучен предуслов за јакнење на јавната доверба и приближување кон европските стандарди на добро владеење.
Настанот e продолжение на минатогодишниот дијалог помеѓу пратениците, антикорупциските институции и граѓанските организации, со цел проценка на постигнатото во изминатите 12 месеци на тема борбата со корупцијата. Дел од говорниците се осврнаа на клучните предизвици и бариери со кои се соочуваат нивните институции при спроведувањето на антикорупциските мерки.
Во своето воведно обраќање, Миша Поповиќ раководител на Центарот за добро управување при Институт за демократија истакна дека, оваа средба периодично се организира за да се разговара за тоа каква е улогата на пратениците во борбата против корупцијата.
„Да не заборавиме, Собранието ги бира членовите на Антикорупциската комисија, го поставува главниот државен ревизор, избира луѓе во судскиот и советот на јавни обвинители. Тоа не е занемарлива улога на Собранието. Истовремено, пратениците имаат должност да вршат надзор над оние што ги бираат, вклучувајќи ја и Владата. Тоа особено може да биде моќна антикорупциска алатка. Но тоа што се забележува е дека Собранието не покажува значаен успех во исполнувањето на својата антикорупциска улога. Продолжува праксата на носење закони по скратена постапка, без многу јавна дискусија“, истакна тој.
Поповиќ потсети дека дел од законските измени во изминатиот период, за кои граѓанското општество алармираше, дополнително ја ослабуваат постојната антикорупциска рамка – како што се измените на Законот за јавни набавки или разрешувањата во независни тела, спроведени по измена на закони иницирани од пратеници. Тој нагласи дека наодите на ДКСК, а особено тие на Државниот завод за ревизија, укажуваат на неефикасно работење на институциите, а во одредени случаи и на злоупотреби и корупција, при што изостанува соодветна реакција на Собранието преку покренување на надзорни расправи.
„На крајот на денот, проблемот на корупција не егзистира во вакуум, тој е фундаментален, и е материјална закана за животот и живеачката на граѓаните. Затоа се бара одлучен, брз и сеопфатен одговор од сите институции, вклучително и Собранието“, рече Поповиќ.
Љупчо Пренџов, ко-претседател на Меѓупартиската парламентарна група против корупција и претседател на Комисијата за политички систем, ја нагласи важноста на темелната и суштинска дискусија за извештаите од институциите. Дополнително, беше побарано извештаите кои ги доставуваат институциите до Собранието да бидат едноставни, јасно структуирани и визуелно квалитетно изработени, со цел овозможување полесна обработка и разбирање на материјата од страна на пратениците. Во однос на Кривичниот законик, информираше дека новиот текст е во финална фаза и дека ќе биде предмет на јавна расправа, при што нагласи дека законикот претставува суштинска алатка во борбата против криминал и девијантни појави. Во однос на Меѓупартиската антикорупциска група, информираше дека работат на подготовки на нови законски решенија, а претходно усвоената драфт-агенда за периодот до јуни е одложена за по изборите поради објективни и субјективни причини.
На тркалезната маса се обрати и Билјана Каракашова Шулев, заменик-претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, која ја потенцираше важноста на Собранието како партнер во воспоставувањето на системот на интегритет во институциите. Таа потсети дека неодамна, со потпишувањето на политиката на интегритет од страна на претседателот на Собранието, започна имплементацијата на системот кој е клучна цел на ДКСК. „Комисијата ќе работи заеднички со Собранието за воспоставување на внатрешни механизми за детекција на корупција и носење на контролни механизми и решенија“, нагласи таа.
Осврнувајќи се на подготовката на новата Национална стратегија за спречување на корупција 2026–2030, Каракашова Шулев истакна дека процесот започнал со анализа на ризици и широк консултативен пристап, при што активна улога има и Собранието.
„Целокупниот процес што следи за имплементацијата на новата стратегија ќе зависи директно од вклученоста на Собранието, но и од Кокусот“, додаде таа. Посочи дека досегашното спроведување на актуелната стратегија е на ниско ниво. Затоа, според неа, неопходно е Собранието да преземе посилна улога во следењето и унапредувањето на имплементацијата, а институциите да бидат задолжени да постапуваат по заклучоците, бидејќи само на таков начин може да се постигнат целите на стратегијата“, заклучи Каракашова Шулев.
Снежана Камиловска Трповска од Македонскиот центар за меѓународна соработка потсети дека усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021–2025 беше дочекано со надеж за суштинска промена во борбата против корупцијата.
„Очекувавме дека Собранието ќе стане столб на интегритетот, со отворени дебати и одлуки базирани на јавен интерес. Но, реалноста ни покажува поинаква слика,“ нагласи Камиловска Трповска.
Таа посочи дека злоупотребата на скратената постапка станува сериозен ризик за демократијата, бидејќи голем дел од законите се носат без јавни консултации, без експертска расправа и без антикорупциски проверки.
„Во 2024 година до Собранието биле доставени вкупно 314 предлог-закони, од кои 105 биле иницирани од пратеници, а практиката продолжи и во 2025 година: во јануари 14 закони од пратеници (сите по скратена постапка), во февруари 15 (14 по скратена постапка), во март 24 (22 по скратена постапка), а во април 13 (9 по скратена постапка)“, рече таа. Дополнително, истакна дека Меѓупартиската парламентарна група против корупција, иако формирана со високи очекувања, досега има реализирано ограничен број активности и не дава јасни сигнали дека делува како мотор на антикорупциските реформи.
„Ова не е повеќе прашање на политички маркетинг или убави стратегии на хартија. Ова е прашање на кредибилитет. А довербата која ќе ја изгубиме денес-ќе ја враќаме со години,“ порача Камиловска, повикувајќи на итно воведување на строги ограничувања за примената на скратената постапка, поголема активност на Меѓупартиската група и доследно користење на надзорната улога на Собранието.
Во дискусијата што следеше по излагањата, претставниците на граѓанските организации ги споделија своите искуства од досегашната соработка со Собранието и антикорупциските тела, посочувајќи на потребата од поголема транспарентност, отчетност и доследно следење на извештаите на Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија. Настанот заврши со изразување на очекувањата за напредок во антикорупциските политики, со заедничко согледување дека борбата против корупцијата останува суштинска за евроинтегративниот процес и градењето на доверба кај граѓаните.
Тркалезната маса е организирана како дел од проектот „Поттикнување дебата за отчетност и антикорупција“ кој цели да придонесе кон реформски процеси во Северна Македонија преку зајакнување на улогата на Собранието во борбата против корупцијата и креирањето реформи во владеење на правото, овозможувајќи дијалог меѓу партиите и подмладоците, како и меѓу пратениците и граѓанското општество. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија.
Настани поврзани со проектот
Како до подобро управување на локално ниво?
12.09.2025Јакнење на капацитетите на партиските подмладоци за борба против корупцијата: Четврта обука на ИДСЦС
30.08.2024Институтот за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 30 и...
Dokument për politika publike për promovimin e punës së Shoqatës së gjyqtarëve dhe Shoqatës së prokurorëve publikë
30.08.2024Pavarësia dhe profesionalizmi i gjyqësorit nuk janë të rëndësishme vetëm...
Antikorrupsioni 2030: Ku duhet të jetë fokusi i Kuvendit?
29.08.2024Forsajt analizat janë një mjet për identifikimin në kohë të...
Антикорупција 2030: Каде треба да е фокусот на Собранието?
29.08.2024Форсајт анализите претставуваат алатка за навремено идентификување потенцијални ризици и...
“Kuvendi 2024-2028: Angazhime të reja në luftën kundër korrupsionit”
31.07.2024Instituti për Demokraci organizoi një diskutim midis deputetëve, institucioneve përkatëse...
Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата
31.07.2024Институтот за демократија организираше дискусија помеѓу пратениците, релевантните институции и...
Cilat rreziqe nga korrupsioni duhet të merren parasysh në Ministrinë e re të Energjetikës, Minierave dhe Burimeve Minerale
26.07.2024Me ndryshimet e fundit në Ligjin për organizimin dhe funksionimin...
На кои ризици од корупцијата треба да се внимава во новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини?
26.07.2024Со најновите измени на Законот за организација и работа на...
Трета обука за зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци за креирање политики и антикорупција
10.07.2024Институт за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 2 и...
Во борбата против корупција клучни се политичката волја, натпартиските напори и враќање на довербата во институциите
05.07.2024Потребна е исклучителна политичка волја и од власта и од...
Споредба на изборни програми на политичките партии во доменот на мерки за борба против корупција
26.04.2024Корупцијата е сеприсутна закана за интегритетот и работата на институциите...
Втора обука за зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци за креирање политики и антикорупција
20.03.2024Институт за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 16 и...
Rekomandime nga organizatat e shoqërisë civile për luftën kundër korrupsionit dhe qeverisjes së mirë
28.02.2024Ky dokument përmban gjetjet dhe rekomandimet kryesore nga organizatat e...
Препораки од граѓанските организации за борба против корупцијата и добро управување
28.02.2024Овој документ ги содржи главните наоди и препораки од страна...
Lënda: Thirrje e hapur për person për mbledhjen e të dhënave
15.01.2024Thirrja e hapur për mbledhës të të dhënave është në...
Отворен повик за собирач на податоци
15.01.2024Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на...
Обука за зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци за креирање политики и антикорупција
21.12.2023Институт за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 16 и...
































