fbpx
logo

Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2024)

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ППП), во периодот од од 26 март до 12 април 2024 година,  спроведе теренска анкета подобро да ја истражи јавната перцепција за работата на Собранието.

Анализата на јавно мислење „Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2024)“, ги анализира размислувањата и искуствата на граѓаните во однос на сите функции на Собранието, контрола и надзор врз извршната власт, јавноста во работата, кого претставуваат пратениците во Собранието, собраниската дебата и реформите, довербата во Собранието во споредба со другите институции итн.

На скалата од 1 – најлошо, до 5 – најдобро, во 2024 година граѓаните ја оценија работата на Собранието со средна оценка 2.3, што бележи речиси незабележително зголемување од 0.1 поен споредено со оценката која граѓаните ја дале во 2023, односно 2.2.

 

ИНФОРМИРАНОСТ ЗА РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО

Како најкарактеристично од работата на Собранието во 2023 година, граѓаните ги издвоија работата на Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, носењето на Буџетот за 2024 година како и изменувањето и дополнување на Законот за игри на среќа. Сепак, мнозинството граѓани исто така изјавиле и дека не се задоволни како Собранието ги извршувало своите функции во наведените случаи. Телевизијата останува најпопуларен канал за информирање меѓу граѓаните кога станува збор за работата на Собранието, додека Собранискиот канал и веб-страницата како официјални алатки за информирање на Собранието, остануваат малку искористени. 

КОНТРОЛА И НАДЗОР НА СОБРАНИЕТО ВРЗ ИЗВРШНАТА ВЛАСТ 

Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Собранието не ја користи докрај својата уставна надлежност за контрола над Владата, односно една четвртина (23%) од испитаниците сметаат дека Владата има целосна контрола над Собранието. Имајќи ги предвид пратеничките прашања како една од алатките за надзор над извршната власт, граѓаните се поделени во однос на тоа дали тие се користат соодветно или служат за критика или реклама. Најголем дел од граѓаните (91%) не се сеќаваат која друга надзорна алатка Собранието ја има искористено во минатата година. Граѓаните кои сепак се сетија на случај, најчесто ја спомнуваат работата на Анкетната комисија за случувањата во онкологија.

ФУНКЦИИ НА СОБРАНИЕТО 

Најголем дел од граѓаните имаат перцепција дека пратениците имаат одредено влијание врз квалитетот на законите. Токму донесувањето на што поквалитетни закони, надгледувањето над трошењето на буџетот и грижата за имплементирањето на законите и политиките, се посочени како најважни функции на Собранието од страна на најголем дел од граѓаните. Сепак, извршувањето на овие функции од страна на Собранието е оценето како незадоволително од страна на мнозинството граѓани. 

ЈАВНОСТА ВО РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО 

Во поглед на отвореноста на Собранието кон јавноста, најголем дел од испитаниците сметаат дека Собранието е целосно или делумно затворено за јавноста. Мнозинството граѓани, исто така, сметаат и дека пратениците од нивните изборни единици не се достапни за средби со граѓаните, не ги информираат доволно граѓаните за својата работа, а не се запознаени ниту со функцијата на локалните пратенички канцеларии. 

 

КОГО ПРЕТСТАВУВААТ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО 

Испитаниците се релативно поделени околу впечатокот во која мерка пратениците ги претставуваат интересите на граѓаните во Собранието. Од друга страна, најголем дел од нив сметаат дека пратениците секогаш ги застапуваат своите лични интереси, интересите на политичките партии, како и бизнис-интересите. Испитаниците исто така сметаат и дека од маргинализирани групи, најдобро застапувани во Собранието се корисниците на социјална помош, ЛГБТИ+ заедницата и Ромите.

СОБРАНИСКА ДЕБАТА 

Перцепцијата на најголем дел од граѓаните е дека ниту пратениците од власта ниту пратениците од опозицијата, не ги земаат во предвид аргументите на своите колеги од спротивниот табор. Повеќе од половина од испитаниците исто така сметаат дека кај политичките партии постои желба за компромис во интерес на граѓаните, но дека сепак до тој компромис многу ретко се доаѓа. Дополнително, повеќе од две третини (69%) од анкетираните граѓани имаат впечаток дека пратениците на седниците често или секогаш користат говор со кој ги омаловажуваат и деградираат своите политички противници врз основа на нивната политичка, етничка, верска и родова припадност. 

РЕФОРМИ 

За половина од испитаниците воведувањето отворени листи, со што на парламентарните избори би гласале за личност, наместо за партиска листа, би придонело за поквалитетен пратенички со¬став во Собранието. Исто така, половина од испитаниците сметаат и дека е важно во Собранието да се формираат повеќепартиски групи во кои пратеници од различни партии ќе се обединат околу исти прашања кои се од особен интерес за граѓаните. Како две приоритетни теми за кои треба да се формираат повеќепартиски групи во Собранието, граѓаните ги посочија младите и невработените лица. 

Целата публикација може да ја прочитате тука:

Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2024)

Настани поврзани со проектот

svajcarska-stipendiska-programa-dzr | IDSCS
svajcarska-stipendiska-programa-dzr | IDSCS

KUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (KORRIK – DHJETOR 2023)

03.06.2024

Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...

ПОГЛЕД НА СОБРАНИЕ: ИЗВЕШТАЈ ОД НАБЉУДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ДЕБАТАТА ВО СОБРАНИЕТО (ЈУЛИ – ДЕКЕМВРИ 2023)

03.06.2024

Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието за...

Повик за експерт за управување со кризи

26.02.2024

Отворениот повик за експерт за управување со кризи – продолжување...

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание

11.01.2024

Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР

11.01.2024

Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...

Повик за консултантски услуги

27.11.2023

Отворениот повик за експерт за Антикорупциската проверка на легислативата, e...

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР

20.11.2023

Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание

20.11.2023

Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...

КUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (JANAR – QERSHOR 2023)

15.08.2023

Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...

Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јануари – јуни 2023)

15.08.2023

Извештајот го покажува релативно ниското ниво на квалитетот на дебатата...

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024

31.07.2023

Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...

Kuvend me ndjeshmëri gjinore dhe barazia gjinore në skenën politike: Rishikimi i situatës në Maqedoninë e Veriut

12.07.2023

Rezultati i Indeksit të Barazisë Gjinore në Maqedoninë e Veriut...

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024

14.06.2023

Во период од 14 јуни до 5 јули 2023 година отворен е повик за...

Анкета на „Програмата за парламентарна поддршка“: Граѓаните со ниска доверба во Собранието и пратениците

09.06.2023

Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето...

KUVENDI NËN THJERËZ: PERCEPTIMI I QYTETARËVE PËR PUNËN E KUVENDIT TË REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT (2023)

31.05.2023

Në periudhën shkurt – prill 2023, Instituti për Demokraci “Societas...

Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2023)

31.05.2023

Во периодот февруари – април 2023 година, Институтот за демократија...

Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit në Kuvend (korrik – dhjetor 2022)

16.02.2023

Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit...

Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2022)

16.02.2023

Извештајот од набљудувањето на дебатата во собранието за периодот од...

Повик за швајцарска стипендиска програма 2023

20.01.2023

Во период од 20 јануари до 3 февруари 2023 година...

Cilёsia e debatit: A ndikon konvokimi i vonuar i seancave, mbi cilёsinё e debatit nё Kuvend?

29.12.2022

Në pajtim me nenin 67 të Rregullores së Kuvendit të...

Извештај од фокус-групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси, а партиите прават раздор

07.12.2022

Институт за демократија, денеска во Хотел Лимак, пред претставниците на...

Повик за Швајцарска стипендиска програма 2022/2023

14.11.2022

Во период од 14 ноември до 1 декември 2022 година отворен е повик за...

Drejt njё Kuvendi mё efikas dhe konstruktiv pёrmes ndryshimeve procedural

17.10.2022

Pjesëmarrja aktive e deputetëve në jetën parlamentare është e një...

Кон поефикасно и конструктивно Собрание низ деловнички измени

17.10.2022

Активното учество на пратениците во парламентарниот живот е од особено...

Kuvendi nën thjerëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit në Kuvend (janar – qershor 2022)

24.08.2022

Kuvendi nën thjerëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit...

Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јануари – јуни 2022)

24.08.2022

Институт за демократија, од јуни 2014 година, го следи квалитетот...

Повик за Швајцарска стипендиска програма 2022/2023

18.07.2022

Во период од 18 јули до 4 септември 2022 година...

Kuvendi nën thjerëz: Perceptimi i qytetarëve për punën e Kuvendit të Republikës së Maqedonisë së Veriut – Viti 2022

12.07.2022

Kuvendi nën thjerëz: Perceptimi i qytetarëve për punën e Kuvendit...

Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија – 2022 година

12.07.2022

Теренската анкета реализирана во 2022 година, покажува дека перцепција на...

Повик за ангажирање на набљудувачи на квалитет на собраниска дебата

24.06.2022

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) објавува повик за кандидати...

Pyetje parlamentare: Sa argumentuan deputetёt dhe çfarё pyetёn mё shumё? (janar – dhjetor 2021)

26.05.2022

Pyetjet e deputetëve janë instrument i rëndësishëm i Kuvendit për...

Пратенички прашања: Колку аргументираа пратениците и што најмногу прашуваа? (јануари – декември 2021 година)

26.05.2022

Пратеничките прашања се важен инструмент на Собранието за вршење контрола...

Повик за швајцарска стипендиска програма – курсеви и обуки

05.04.2022

Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...

Kuvendi nën thjerëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit në Kuvend (korrik – dhjetor 2021)

11.02.2022

Instituti për Demokraci që nga qershori i vitit 2014 monitoron...

Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2021)

11.02.2022

Институт за демократија, од јуни 2014 година, го следи квалитетот...

Повик за швајцарска стипендиска програма – курсеви и обуки

12.01.2022

Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...

Повик за швајцарска стипендиска програма 2021/2022

12.01.2022

Во период од 12 до 27 јануари 2022 година отворен...

Собрание 2020-2024: Кој ги претставува граѓаните?

27.12.2021

Пратениците, според Уставот, ги претставуваат граѓаните во највисокиот законодавен орган,...

Поврзани објави