Швајцарската Програма за поддршка на Собранието продолжува да соработува со Собранието кон поголема отвореност, одговорност и инклузивност преку анализи на собраниската работа, воведување на дигитални алатки за поголема транспарентност и едукативни активности за запознавање на граѓаните и младите со работата на законодавниот дом.
Еден од новитетите кои се воведени, е едукативниот модул „Новинарството во акција: Учење за демократија преку истражување“, кој ќе биде дел од предметот граѓанско образование во основно образование. Преку овој пристап, учениците ќе имаат можност да учат и размислуваат критички и да ја разберат својата улога како активни граѓани. Модулот во моментов се пилотира во три основни училишта.
Паралелно, програмата вложува и во дигитални алатки што го доближуваат Собранието до граѓаните. Во таа насока, развиена е веб-платформата за канцеларии за контакт со граѓани (https://kancelarii.sobranie.mk/), која овозможува поедноставно закажување средби со пратеници, поднесување иницијативи и следење на нивната реализација.
Дополнително, преку Парламентарен хакатон со студенти, развиена е и апликацијата „Прашај ВИ асистент“ (https://prashaj.sobranie.mk/), која преку вештачка интелигенција ги анализира пленарните седници и овозможува брз и интуитивен пристап до информации. Со оваа алатка, граѓаните, новинарите и институциите можат полесно да се снаоѓаат низ обемните собраниски видео материјали и да ги пронајдат релевантните содржини.
Покрај новите алатки, Програмата обезбедува и континуирана анализа на работата на Собранието. Квалитетот на дебатата во Собранието е оценета со 5,7 на скала од 1 до 10, покажува најновиот извештај „Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2025)“.
Целиот извештај е достапен на:
MK: https://shorturl.at/83GAY
SQ: https://shorturl.at/06Vat
ENG: https://shorturl.at/mtorW
Мобилниот караван на Собранието, кој годинава се одржува по трет пат, ќе има засилен фокус на младите, универзитетите и промоцијата на дигиталните алатки, со цел да придонесе кон поголема транспарентност, пристапност и граѓанско вклучување. Караванот се планира да започне од 27 април во Штип и да трае до 05 јуни со завршен настан во Скопје покривајќи ги во меѓувреме и градовите Охрид (28.04), Битола (08.05), Свети Николе (12.05.) Прилеп (15.05) Гостивар (22.05) и Тетово (29.05).
Овие новитети и тековни активности на Програмата, беа презентирани пред претставници на медиумите.
Швајцарската Програма за парламентарна поддршка е проект на Владата на Швајцарија, под покровителство на Собранието на Република Северна Македонија, а се спроведува од страна на Националниот демократски институт (НДИ), во партнерство со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центарот за управување со промени (ЦУП).
Настани поврзани со проектот
KUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (KORRIK – DHJETOR 2023)
03.06.2024Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...
ПОГЛЕД НА СОБРАНИЕ: ИЗВЕШТАЈ ОД НАБЉУДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ДЕБАТАТА ВО СОБРАНИЕТО (ЈУЛИ – ДЕКЕМВРИ 2023)
03.06.2024Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието за...
Повик за експерт за управување со кризи
26.02.2024Отворениот повик за експерт за управување со кризи – продолжување...
Harmonizimi i legjislacionit kombёtar me legjislacionin e BE-sё: Njё pasqyrё krahasuese e Maqedonisё sё Veriut me Shqipёrinё dhe Serbinё
15.01.2024Procesi i harmonizimit të legjislacionit të brendshëm të vendit kandidat...
Хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ: Компаративен преглед на Северна Македонија со Албанија и Србија
15.01.2024Процесот на хармонизација на домашното законодавство на државата кандидат со...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание
11.01.2024Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР
11.01.2024Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за консултантски услуги
27.11.2023Отворениот повик за експерт за Антикорупциската проверка на легислативата, e...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР
20.11.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание
20.11.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
КUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (JANAR – QERSHOR 2023)
15.08.2023Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јануари – јуни 2023)
15.08.2023Извештајот го покажува релативно ниското ниво на квалитетот на дебатата...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024
31.07.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Kuvend me ndjeshmëri gjinore dhe barazia gjinore në skenën politike: Rishikimi i situatës në Maqedoninë e Veriut
12.07.2023Rezultati i Indeksit të Barazisë Gjinore në Maqedoninë e Veriut...
Родово сензитивно Собрание и родовата еднаквост на политичката сцена: Осврт кон состојбите во Северна Македонија
12.07.2023Оценката на индексот за родова еднаквост во Северна Македонија за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024
14.06.2023Во период од 14 јуни до 5 јули 2023 година отворен е повик за...
Анкета на „Програмата за парламентарна поддршка“: Граѓаните со ниска доверба во Собранието и пратениците
09.06.2023Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето...
KUVENDI NËN THJERËZ: PERCEPTIMI I QYTETARËVE PËR PUNËN E KUVENDIT TË REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT (2023)
31.05.2023Në periudhën shkurt – prill 2023, Instituti për Demokraci “Societas...
Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2023)
31.05.2023Во периодот февруари – април 2023 година, Институтот за демократија...
Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit në Kuvend (korrik – dhjetor 2022)
16.02.2023Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit...
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2022)
16.02.2023Извештајот од набљудувањето на дебатата во собранието за периодот од...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023
20.01.2023Во период од 20 јануари до 3 февруари 2023 година...
Cilёsia e debatit: A ndikon konvokimi i vonuar i seancave, mbi cilёsinё e debatit nё Kuvend?
29.12.2022Në pajtim me nenin 67 të Rregullores së Kuvendit të...
Квалитет на дебата: Дали влијае ненавременото закажувањето на седниците на квалитетот на дебатата во Собранието?
29.12.2022Согласно член 67 од Деловникот на Собранието на Република Северна...
Извештај од фокус-групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси, а партиите прават раздор
07.12.2022Институт за демократија, денеска во Хотел Лимак, пред претставниците на...
Извештај за фокус групи: Јавната перцепција за довербата во политичките партии, јавните институции и квалитетот на животот во Северна Македонија
06.12.2022Во септември 2022 г., Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ -...
Hulumtim i grupeve të fokusit: Perceptimi publik mbi besimin në partitë politike, institucionet publike dhe cilësinë e jetës në Maqedoninë e Veriut
21.11.2022Në shtator 2022, Instituti për Demokraci "Societas Civilis" Shkup, si...
Повик за Швајцарска стипендиска програма 2022/2023
14.11.2022Во период од 14 ноември до 1 декември 2022 година отворен е повик за...
Drejt njё Kuvendi mё efikas dhe konstruktiv pёrmes ndryshimeve procedural
17.10.2022Pjesëmarrja aktive e deputetëve në jetën parlamentare është e një...



































