Проект за меѓурелигиски дијалог во Македонија
Институт за демократија во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) започна со имплементација на проектот “Толеранција, Дијалог, Соработка! Промоција на меѓурелигиски дијалог преку градење капацитети на медиумите и верските претставници”. Проектот ќе се реализира во текот на 2011 година и е финансиран од Европската Унија преку програмата Европски инструмент за демократија и човекови права ЕИДХР. Проектот има за цел да развие свест кај населението за религиозна толеранција и прифаќање на различните религиозни убедувања. Промовирање на слобода на изразување, меѓурелигиозен дијалог и религиозен плурализам ќе придонесe за зајакнување на демократијата во земјата.
Во рамките на активностите на проектот се предвидува да се организираат тренинзи и заеднички работилници за новинари и гласноговорници на верските заедници. Тренинзите имаат за цел да се зајакне информираноста и објективноста на медиумите во известувањето за теми од религиозен карактер, како и да се зголеми стручноста кај верските заедници за комуникација со јавноста. Овие активности, исто така ќе помогнат да се создадат канали за соработка и комуникација помеѓу медиумите и верските заедници.
Проектот понатаму ќе организира 14 посети на млади верници од една религиозна заедница на објекти од друга религиозна заедница за да им овозможи на младите да се запознаат со вредностите на другите религии. Со цел да се зголеми јавната свест за потребата од религиозна толеранција КАС и ИДСЦС ќе организираат конференција и медиумска кампања со кои ќе се промовираат позитивни примери на меѓурелигиска соработка. Како крајна активност се предвидува проведување на квалитативни и квантитаивни истражувања кои ќе ја испитуваат различни аспекти на меѓурелигискиот соживот во земјата.
Настани поврзани со проектот
Видео записи од меѓурелигиски дијалог
22.12.2011Со цел да се зголеми свеста на верската различност меѓу...
Струмица, 18 октомври 2011
21.12.2011Посета на верски обејкти во Струмица Објекти: Синагога „Бет Јааков“...
Посета на верски објекти
07.12.2011Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“...
Скопје, 17 октомври 2011
15.11.2011Објекти: Синагога „Бет Јааков“, Скопје Католичка црква „Пресвето срце Исусово“,...
Скопје и Тетово, 14 октомври 2011
15.11.2011Објекти: Kатоличка црква „Пресвето срце исусово“, Скопје Евангелско-методистичка црква, Скопје...
Дебар, 05 октомври 2011
28.10.2011Објекти: Инќар џамија, Дебар Црква Успение на Пресвета Богородица, Дебар...
Посета на верски објекти
28.10.2011Во периодот од септември до ноември 2011, ќе бидат организирани...
Семинар за односи со јавност за верските заедници во Кичево
26.05.2011На 19 мај 2011 година, во Кичево беше оддржан последниот...
Семинар за претставници на верските заедници во Штип
09.05.2011Институтот за демократија и Фондацијата Конрад Аденауер на 5ти мај...
Најава за семинар во Охрид
06.05.2011Проектот “Толеранција, дијалог, соработка! Промовирање на меѓурелигиски дијалог преку градење...
Семинар за односи со јавност за верските заедници во Тетово
06.05.2011Институтот за демократија и Фондацијата Конрад Аденауер на 4ти мај...
Семинар за односи со јавност за верските заедници во Македонија
06.05.2011На 28 април 2011 во Скопје Институтот за демократија и...
ИНПРЕС: Консултативна средба за поголема меѓуверска толеранција
29.04.2011Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за Демократија „Социетас Цивилис денеска...
РТВ КИСС: Одржан семинар како дел од проектот за меѓурелигиски дијалог чиј носител е Конрад Аденауер Фондација
30.03.2011Значење на меѓурелигискиот дијалог и комуникација во општеството, толеранција, дијалог...