Во функција на оваа средба ангажиран е австрискиот експерт за медиуми и верски прашања, Маркус Марчалек. Целта на консултацијата е преку односите за јавност верските заедници да придонесат за меѓуверската толеранција и соработка во Македонија. На состанокот свое обраќање ќе имаат и Илина Мангова, менаџер на проектот и Ања Чимек директор на Конрад Аденауер за Македонија.
Средбата се организира во рамките на проектот „Толеранција, дијалог, соработка! Промовирање на меѓурелигиски дијалог во Македонија преку градење на капацитети за медиумите и религиските претставници!“ кој е финансиран од Европската Унија и кофинансиран одФондацијата Аденауер.
Целта на овој проект е да се создаде свест кај населението за религиска толеранција и прифаќање на различното религиско убедување, како и да се придонесе за демократскиот процес во земјата преку промовирање на слободата на изразување, меѓурелигискиот дијалог и религискиот плурализам.