logo

Посета на верски објекти

poseta1
Share on facebook
Share on twitter

 Во рамките на овие 14 посети студентите имаа можност да ги видат „Инќар“ џамија и православната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар; „Пашина (Шарена)“ џамија во Тетово; католичката црква „Пресвето срце Исусово“, синагогата „Бет Јаков“ Евангелско-методистичката црква во Скопје, православната црква „Св. Јован Крстител“ и „Мустафа паша“ џамија во Скопје; Евангелско-методистичката црква и католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица; манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во Кичевo; „Мустафа Челеби“ џамија во Струга; „Св. Јован Крстител“ Бигорски манастир во Дебарско; Евангелско-методистичката црква во с. Колешино, Струмичко; католичкта црква „Св. Пророк Илија“ во с. Радово, Струмичко; женскиот католички манастир во Гевгелија; православниот манастир „Св. Богородица Милостива Елеуса“ во с. Велјуса, Струмичко; католичката црква „Пресвето срце Исусово“, православната црква „Св. Великомаченик Димитрија“ и „Исак Челеби“ џамија во Битола. „Со ваквата посета ќе се зголеми свеста за поголема толеранција кон останатите верски заедници различни од онаа на која ние припаѓаме. Доколку ја зголемиме верската толеранција ќе придонесеме за јакнење и на демократијата во општеството, а со тоа и на самото општество во кое живееме. Многу непотребни конфликти би се избеганале доколку бидеме потолерантни, а со тоа ќе го зачуваме мирот и ќе ја зголемиме безбедноста во општеството.“ истакна Александар Алексиќ, студент на Факултетот за безбедност, кој учествуваше во една од посетите.

Посетите беа реализирани во тесна соработка и учество на студенти од следните универзитети: Институт за етнологија и антропологија и Факултет за политички науки при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје; Факултетот за социологија и историја при Државниот универзитет во Тетово; Висока школа за новинарство и односи со јавност; Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и Факултетот за безбедност од Скопје при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Факултетот за образовни науки и Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип; Факултетот за правни науки при Универзиетот на Југоисточна Европа од Тетово; и Факултетот за Правни науки, Факултетот за економски науки, Факултетот за безбедност и Факултетот за политички научки при ФОН Универзиетот од Скопје и неговиот департман во Струмица.

Проектот, кој е финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права, ја завршува својата имплементација на 31 декември 2011 година, а во престојниот период ќе биде промовирано видео во кое ќе бидат претставени резултатите од проектот и снимки од посетите на верските објекти.

Повеќе информации за активностите на овој проект, како и за секоја од посетите можете да најдете на веб страницата: www.tolerancijadijalogsorabotka.mk

poseta1

poseta2

Поврзани објави