logo

Посета на верски објекти

Share on facebook
Share on twitter

glavno

Во периодот од септември до ноември 2011, ќе бидат организирани 14 посети на студентски групи од различна верска припадност на верски објекти на поголемите верски заедници во Македонија. Преку овие посети повеќе од 200 млади студенти од универзитетите низ Македонија ќе бидат во можност да посетат верски објекти на религии различни од нивната и да слушнат за нивната верска и историска важност. Посетите исто така ќе им овозможат подобро да се запознаат со вредностите и традициите на другите религии. Посетите ќе бидат отворени за јавноста и медиумите, а групите ќе бидат придружувани од страна на верски претставници, при што ќе им имаат можност да поставуваат прашања и да дискутираат за различни теми од заедничкото живеење.

Поврзани објави