Овој извештај ги претставува наодите од три фокус групи спроведени во Скопје, Штип и Гостивар во јуни 2025 година, со цел да се истражи што стои зад процентите генерирани од теренската анкета на тема „Перцепциите на граѓаните за Собранието на Република Северна Македонија“, реализирана во периодот февруари/март 2025. Фокус групите имаат за цел да понудат подлабоко, квалитативно разбирање на јавната перцепција за работата на Собранието, довербата во јавните институции и политичките партии, како и чувството за квалитет на живот во Северна Македонија.
Теренската анкета, спроведена неколку месеци претходно, која и покрај генерално негативната перцепција на мнозинството граѓани во однос на движењето на државата и довербата во институциите, покажуваше умерен раст на оптимизмот во споредба со претходните години. За жал, само
неколку дена по завршувањето на анкетата, на 16 март 2025 година, се случи трагедија во Кочани која одзеде многу млади животи и ги засили песимистичките перцепции.
Во линија со резултатите од теренската анкета, учесниците на фокус групите од сите три градови генерално изразија разочараност и недоверба во институциите, доживуваат застој во демократскиот и економскиот прогрес на државата која според нив не ги отсликува нивните потреби и очекувања. Собранието не е гледано како место на суштинска дебата и вистинско застапување, туку како продолжение на интересите на политичките партии, нагласувајќи ја нивната силна зависност од партиските структури и недостатокот на отчетност пред избирачите.
Квалитетот на парламентарните дебати е оценет како низок, изразувајќи сомнеж дека пратеници те се подготвуваат за дискусиите, и токму ова го посочуваат како една од причините за слабиот интерес на граѓаните за работата на Собранието. Собранискиот канал е познат, но ретко се следи директно; повеќето учесници гледаат селектирани клипови споделени на социјалните мрежи, често во хумористична или скандалозна форма. Користењето на официјалната веб-страница на Собранието е ограничено, дел од испитаниците ја посетуваат главно за конкретни информации или
законски текстови тесно поврзани со нивното професионален ангажман.
При споредба на политичките партии со временските услови, доминираат асоцијации како „магла“, „облаци“ и „ветрови“, укажувајќи на неизвесност и недостигот од јасна насока. Дел од повозрасните испитаници, понекогаш покажуваат умерен оптимизам, додека младите се чувствуваат отсечени од политичките процеси и без јасна визија за иднината. На европската интеграција не се гледа како гаранција за внатрешни реформи. Учесниците се скептични дека членството во ЕУ ќе донесе подо-
брување во функционирањето на Собранието или политичката одговорност, гледајќи го процесот повеќе како површна легитимација на елитите за одржување статус-кво.
Генерално, резултатите од фокус групите се поклопуваат со наодите од теренската анкета, но истовремено откриваат поизразен песимизам и поостар критички тон кон институциите, особено под влијание на трагичниот настан во Кочани. Како дел од препораките изразени низ дискусијата, беше истакната потреба од системски реформи за зајакнување на независноста и легитимитетот на пратениците, вклучително и унапредување на механизмите за собраниски надзор, транспарентни критериуми за пратеничка активност, и изборен модел што овозможува лична одговорност.
Беше препорачано поголемо присуство на пратениците на терен и унапредена комуникација со јавноста преку достапни и визуелни формати. Поддршката за реформски ориентирани поединци и
практики што ја намалуваат партиската контрола се гледа како предуслов за враќање на доверба та и институционалната ефикасност.
Прочитајте го целосниот извештај:
Јавната перцепција за работата на Собранието, довербата во јавните институции и политичките партии и квалитетот на животот во Северна Македонија
Настани поврзани со проектот
KUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (KORRIK – DHJETOR 2023)
03.06.2024Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...
ПОГЛЕД НА СОБРАНИЕ: ИЗВЕШТАЈ ОД НАБЉУДУВАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА ДЕБАТАТА ВО СОБРАНИЕТО (ЈУЛИ – ДЕКЕМВРИ 2023)
03.06.2024Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието за...
Повик за експерт за управување со кризи
26.02.2024Отворениот повик за експерт за управување со кризи – продолжување...
Harmonizimi i legjislacionit kombёtar me legjislacionin e BE-sё: Njё pasqyrё krahasuese e Maqedonisё sё Veriut me Shqipёrinё dhe Serbinё
15.01.2024Procesi i harmonizimit të legjislacionit të brendshëm të vendit kandidat...
Хармонизација на националното законодавство со законодавството на ЕУ: Компаративен преглед на Северна Македонија со Албанија и Србија
15.01.2024Процесот на хармонизација на домашното законодавство на државата кандидат со...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание
11.01.2024Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР
11.01.2024Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за консултантски услуги
27.11.2023Отворениот повик за експерт за Антикорупциската проверка на легислативата, e...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во ДЗР
20.11.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024 за вработени во Собрание
20.11.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
КUVENDI NËN THJERRËZ: RAPORT NGA MONITORIMI I CILËSISË SË DEBATIT NË KUVEND (JANAR – QERSHOR 2023)
15.08.2023Raporti tregon nivel relativisht të ulët të cilësisë së debatit...
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јануари – јуни 2023)
15.08.2023Извештајот го покажува релативно ниското ниво на квалитетот на дебатата...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024
31.07.2023Отворен е повик за аплицирање за швајцарската стипендиска програма за...
Kuvend me ndjeshmëri gjinore dhe barazia gjinore në skenën politike: Rishikimi i situatës në Maqedoninë e Veriut
12.07.2023Rezultati i Indeksit të Barazisë Gjinore në Maqedoninë e Veriut...
Родово сензитивно Собрание и родовата еднаквост на политичката сцена: Осврт кон состојбите во Северна Македонија
12.07.2023Оценката на индексот за родова еднаквост во Северна Македонија за...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023/2024
14.06.2023Во период од 14 јуни до 5 јули 2023 година отворен е повик за...
Анкета на „Програмата за парламентарна поддршка“: Граѓаните со ниска доверба во Собранието и пратениците
09.06.2023Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето...
KUVENDI NËN THJERËZ: PERCEPTIMI I QYTETARËVE PËR PUNËN E KUVENDIT TË REPUBLIKËS SË MAQEDONISË SË VERIUT (2023)
31.05.2023Në periudhën shkurt – prill 2023, Instituti për Demokraci “Societas...
Поглед на Собрание: Перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија (2023)
31.05.2023Во периодот февруари – април 2023 година, Институтот за демократија...
Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit në Kuvend (korrik – dhjetor 2022)
16.02.2023Kuvendi nën thjerrëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit...
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2022)
16.02.2023Извештајот од набљудувањето на дебатата во собранието за периодот од...
Повик за швајцарска стипендиска програма 2023
20.01.2023Во период од 20 јануари до 3 февруари 2023 година...
Cilёsia e debatit: A ndikon konvokimi i vonuar i seancave, mbi cilёsinё e debatit nё Kuvend?
29.12.2022Në pajtim me nenin 67 të Rregullores së Kuvendit të...
Квалитет на дебата: Дали влијае ненавременото закажувањето на седниците на квалитетот на дебатата во Собранието?
29.12.2022Согласно член 67 од Деловникот на Собранието на Република Северна...
Извештај од фокус-групи: Граѓаните сметаат дека политичарите работат само за свои интереси, а партиите прават раздор
07.12.2022Институт за демократија, денеска во Хотел Лимак, пред претставниците на...
Извештај за фокус групи: Јавната перцепција за довербата во политичките партии, јавните институции и квалитетот на животот во Северна Македонија
06.12.2022Во септември 2022 г., Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ -...
Hulumtim i grupeve të fokusit: Perceptimi publik mbi besimin në partitë politike, institucionet publike dhe cilësinë e jetës në Maqedoninë e Veriut
21.11.2022Në shtator 2022, Instituti për Demokraci "Societas Civilis" Shkup, si...
Повик за Швајцарска стипендиска програма 2022/2023
14.11.2022Во период од 14 ноември до 1 декември 2022 година отворен е повик за...
Drejt njё Kuvendi mё efikas dhe konstruktiv pёrmes ndryshimeve procedural
17.10.2022Pjesëmarrja aktive e deputetëve në jetën parlamentare është e një...
Кон поефикасно и конструктивно Собрание низ деловнички измени
17.10.2022Активното учество на пратениците во парламентарниот живот е од особено...
ИНСТИТУТ ЗА ДЕМОКРАТИЈА: ДЕБАТАТА ВО СОБРАНИЕТО БЛАГО ПОДОБРЕНА, НО И ПОНАТАМУ НЕДОВОЛНО КОНСТРУКТИВНА
15.09.2022На скала од 1 до 10, оценката за квалитетот на...
Kuvendi nën thjerëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit në Kuvend (janar – qershor 2022)
24.08.2022Kuvendi nën thjerëz: Raport nga monitorimi i cilësisë së debatit...
Поглед на Собрание: Извештај од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јануари – јуни 2022)
24.08.2022Институт за демократија, од јуни 2014 година, го следи квалитетот...
Повик за Швајцарска стипендиска програма 2022/2023
18.07.2022Во период од 18 јули до 4 септември 2022 година...































