Институтот за демократија во јануари 2013 година започна со имплементација на двегодишен регионалниот проект „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за мониторинг, застапување и подигнување на свеста“. Проектот се спроведува под лидерство на Центарот за изучување на демократија од Бугарија, а покрај ИДСЦС учествуваат 14 организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција.
Главна цел на овој проект е да се придонесе кон динамизирање на граѓанско општество во регионот, да се оспособи да учествува во јавните дебати и да влијае врз политиките и процесот на донесување на одлуки во областа на антикорупцијата и доброто владеење. Преку вмрежување на овие 15 организации ќе се изгради коалиција против корупцијата и за доброто владеење во Југоисточна Европа врз основа на заедничка стратегија и согласна агенда за акција. Регионалната коалиција на организации ќе работи на подобрување на капацитетите и знаењата, мониторинг и застапеност на политиките, мерки и реформи поврзани со доброто владеење и антикорупција. Коалицијата ќе го промовира на граѓанскиот дијалог во државата и зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации на регионално и национално ниво.
Покрај основањето на регионална коалиција за борба против корупција, овие организации ќе во циклус оддве години ќе имплементираат Систем на следење на корупцијата во регионот, ќе вршат јавни консултации и ќе работат на подигнување на свеста на регионално ниво.
Партнери во оваа коалиција се: Албански центар за економско истражување (Албанија), Куќа на Европа (Албанија), Центар за истражувачко известување (Босна и Херцеговина), Центар за изучување на демократија (Бугарија), Сири и визионит (Косово), Институт Риинвест (Косово), Институт за демократија Социетас Цивилис-Скопје(Македонија), Македонски центар за меѓународна соработка (Македонија), Охрид институт за економски стратегии и меѓународни односи (Македонија), Центар за либерално-демократски студии (Србија), Форум за граѓански активизам Форца (Србија), Фондација за турски економски и општествени студии (Турција), Партнерство за социјален развој (Хрватска), Центар за демократска транзиција (Црна Гора), Институт Алтернатива (Црна Гора).
Исто така, асоцијативни партнери на оваа мрежа се Регионалната антикорупциска иницијатива и Косовски правен институт.
Проектот е финансиран од Европската унија.
Настани поврзани со проектот
ИДСЦС учествуваше на форумот за политики „Антикорупција, демократска отпорност и економска безбедност“ во Софија
16.11.2023Со цел да се дискутираат напорите за одржливи реформи, Регионалната...
Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење и пазар
20.10.2023Отворениот повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно...
Причини, потреба и можни решенија за приоретизација на предметите на ДКСК
30.12.2022Зголемениот број пријави, но и законски ингеренции на Комисијата од...
Западен Балкан 2020: Ризици за заробување на државата и реформи на политиките
08.06.2021Во последните две децении, земјите од Западен Балкан претрпеа значајни...
Нов пристап за проширување: добри идеи кои имаат потреба од капетан
19.02.2020Предлогот на Европската комисија за ревидиран пристап за проширување зема...
Антикорупциски билтен бр. 36 за активностите на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа
21.08.2017На следниот линк можете да го прочитате билтенот за активностите...
Антикорупциски билтен за активностите на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа
08.06.2017На следниот линк можете да го прочитате билтенот за активностите...
Извештај на СЕЛДИ: Главните напори да се насочат кон справување со високата политичка корупција и со заробената држава
10.10.2016Во ниту една од земјите од регионот на југоисточна Европа...
Антикорупциска конференција во Скопје: Заробената држава не е повеќе само метафора
07.10.2016Прашањата за борба против корупцијата во земјите од Западен Балкан...
СЕЛДИ: Политичката корупција го надмина подмитувањето на Балканот
24.06.2016Подмитувањето останува широко распространето на Балканот, но вистинскиот проблем е...
Работилница на СЕЛДИ во Брисел: Мора да се зголеми отпорноста кон корупција во Југоисточна Европа
15.06.2016Како да се засили отпорноста кон корупцијата и да се...
SELDI конференција – Зајакнувајќи ги застапувачките активности на граѓанските организации во борба против корупција во критичните сектори на Југоисточна Европа
24.11.2015На 29 и 30 октомври 2015 година, иницијативите SELDI и...
Објавен споредбен преглед на состојбите со корупцијата во регионот
25.11.2014На 13 и 14 ноември 2014 година во Тирана, Албанија...
ИДСЦС на СЕЛДИ регионалната работилница
27.06.2014Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС) на 19 и...
Меѓународен повик за пракса во СЕЛДИ мрежата (со промена)
19.02.2014СЕЛДИ коалицијата за спречување на корупцијата и добро владеење, на...
Тренинг за анти-корупција во Скопје
19.11.2013На 7-8 Ноември 2013 година, Центарот за демократски студии, како...
Стратегија за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа
02.09.2013Мрежата „Водство за развој и интегритет во Југоисточна Европа“ (СЕЛДИ)...
ИДСЦС на регионална конференција во Белград „Главни корупциски предизвици и мерките за нивно решавање во Југоисточна Европа“
31.05.2013Институтот за демократија, претставуван од Илина Мангова учествуваше на регионалната...
СЕЛДИ Позадински документ 1: Главни корупциски предизвици во Југоисточна Европа
28.05.2013Во овој документ партнерите од СЕЛДИ мрежата ја анализираа моменталната...