logo

СЕЛДИ: Политичката корупција го надмина подмитувањето на Балканот

seldi brisel
Share on facebook
Share on twitter

seldi brisel

Подмитувањето останува широко распространето на Балканот, но вистинскиот проблем е корупцијата во политиката на високо ниво и застоеноста на процесот на пристапување кон Европската Унија, покажуваат резултатите од истражувањето на Системот за набљудување на корупцијата на Мрежата на граѓански организации за борба против корупцијата на Југоисточна Европа – СЕЛДИ.

На 14 јуни 2016, СЕЛДИ (коалиција од 30 граѓански организации од Југоисточна Европа) одржа работилница посветена на прашањата на борбата против корупцијата и управувањето со енергетскиот сектор во земјите од Западниот Балкан и Турција. На работилницата претставниците на мрежата и организацииите дискутираа со локалните и регионалните засегнати страни како претставници на правосудни органи и државни антикорупциски агенции околу најдобрите методи за трансформирање на најновите антикорупциски истражувања и достигнувања во доброто владеење во ефикасни политики и алатки за застапување.

На работилницата беа презентирани главните надоди од истражувањето на Системот за набљудување на корупцијата во ЈИЕ за 2016 и Извештајот за регионално енергетско управување и проценка за заробени држави.

Истражувањата предупредуваат дека политичката корупција го замени подмитувањето како главна загриженост за националните и меѓународните реформи и како причинител за поголемиот дел од социјалната и економската штета.

Оттаму, хармонизацијата на законодавствата со меѓународните стандарди сега е заменето со фокусирање на спроведувањето на законите. Извештајот за проценка на регионалното енергетско управување и заробени држави, го испитува влијанието на корупцијата и заробувањето на државите врз целокупното управување во енергетскиот сектор и ги открива главните причини и последици врз енергетските институции.

Авторите посочуваат дека во енергетиката во услови на заробени институции локални олигархиски групи, и во многу случаи руската влада, го користат тоа за да обезбедат повлатен однос за специфични компании.

Графикон 1: Притисок кон корупција и вклученост во корупција

 graf1

Графикон 2: Притисок кон корупција (2014 и 2016 година)

graf2

На следниот линк можете да го прочитате целото соопштение со резултатите од истражувањето на СЕЛДИ en

Поврзани објави