logo

Работилница на СЕЛДИ во Брисел: Мора да се зголеми отпорноста кон корупција во Југоисточна Европа

seldi 1
Share on facebook
Share on twitter

seldi 1

Како да се засили отпорноста кон корупцијата и да се спречи „заробувањето на државите“ од корумпирани елити е тема на која во Брисел се одржа работилница за создавање политики во рамки на антикорупциската мрежа на граѓански организации од Југоисточна Европа – СЕЛДИ. На работилницата учествуваа претставници на граѓанските организации од регионот, на Европската комисија, европарламентарци, експерти и претставници на антикорупциски органи меѓу кои и на Специјалното јавно обвинителство.

Марко Трошановски претседател на Инситутот за демократија „Социетас цивилис“ во рамки на работната група за „Набљудување на напредокот во борбата против корупцијата во југо-источна Европа 2014-2016 на која се дискутираа клучните недостатоци и можности посочи дека долгорочната успешност на оваа борба во Македонија е условена од интегрирањето на земјата во ЕУ.

seldi 2

„Успешноста на борбата против корупцијата е директно условена од започнување на преговорите за прием во ЕУ. Тоа ќе создаде неизбежна обврска за политичките елити да направат суштински реформи во областа на владеењто на правото“ рече Трошановски.

Во работната група учестуваа Александер Стефанов од Центарот за проучување на демократијата, Катица Јанева, специјален јавен обвинител на Република Македонија, Милица Бозаниќ, заменик директор за меѓународна соработка на Антикорупциска агенција на Србија, Жулиен Мусниер од Европската комисија.

Во рамки на работилницата се одржаа уште три работни групи на темите:

„Засилување на цивилниот сектор за зголемување на отпорноста кон корупција во Југоисточна Европа и во соседството на Европската Унија“ , „Недостатоци во управувањето со енергијата и корупциски ризици во Југоисточна Европа“ , и „Кон заробувањето на државите и антикорупциски алатки за набљудување: Јавните набавки во енергетскиот сектор во земјите од Југоисточна Европа“.

Поврзани објави