logo

СЕЛДИ Позадински документ 1: Главни корупциски предизвици во Југоисточна Европа

regionalna koalicija za antikorupcija
Share on facebook
Share on twitter

regionalna koalicija za antikorupcija

Во овој документ партнерите од СЕЛДИ мрежата ја анализираа моменталната регионална средина и состојба со корупција во секоја од нивните земји. Резултатот е генерален преглед на заедничките, како и на специфичните за секоја земја антикорупциски предизвици во Југоисточна Европа (ЈИЕ).
Корупцијата континуирано е рангирана како еден од главните предизвици со кои се соочуваат земјите од ЈИЕ. И покрај позитивните напори за воспоставување на регулаторна и институционална основа за борба против корупцијата, вклучувајќи основање на специјализирани антикорупциски агенции, кои се воведуваат во мнозинството земји во регионот, значајните проблеми опстојуваат, особено со однос на практична имплементација на постоечката правна рамка и институционална имплементација. Иако, е тешко да се генерализира контекстот на различни национални, историски и институционални средини на земјите од ЈИЕ, неколку основни прашања ги карактеризираат корупциски предизвици во регионот. Политичкиот притисок продолжува да влијае на институционалната средина, што е посебно проблематично во однос на правосудниот систем и националните агенции за борба против корупцијата. Покрај тоа, антикорупциските агенции често немаат неопходни институционални капацитети. Комбинацијата од недостиг на политичка волја да се гони корупцијата и ограничената институционална независност и капацитет, често резултира со бавна имплементација на антикорупциски политики. Друг поврзан резултат е корупција на политичка корупција на високо ниво, за која истрагата е често попречена поради закони кои даваат широк имунитет.

Поврзани објави