Реформи за добро управување: Како да ги заслужиме „наградите“ од Планот за раст?
Во 2023 година, Европската Унија го претстави Планот за раст – нова стратешка иницијатива и алатка која има за цел да го забрза евроинтегративниот процес на државите од Западен Балкан. Овој план, како механизам за стимулативно наградување, им нуди на државите-кандидати олеснета можност за спроведување на фундаментални реформи и забрзано исполнување на политичките, економските и [...] Отворен повик за собирач на податоци
Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата” (Citizens Against Corruption). Програмата е финансирана со помош од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД (USAID), а имплементирана во периодот април 2023 –април 2028 година. Опис на проектот Општа цел на програмата е да се зголеми вклученоста [...] Обука за подмладоци на политичките партии: Зајакнување на капацитетите за антикорупциски активности
Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ успешно ја реализираше петтата обука за креирање политики и борба против корупцијата, која се одржа од 13 до 15 декември 2024 година во Охрид. Обуката беше наменета за младинските организации на политичките партии, а учесници беа претставници од подмладоците на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и Демократската унија за интеграција [...] „Реагирај“ – новиот дигитален сојузник на граѓаните во борбата против корупцијата
Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), заедно со партнерите од програмата „Граѓаните против корупцијата“, ја креираа апликацијата „Реагирај“ која претставува иновативна, дигитална алатка наменета за граѓаните што сакаат да придонесат кон транспарентност и отчетност на јавните институции. Апликацијата е насочена кон поддршка на активното граѓанско учество, преку овозможување на лесно и брзо реагирање [...] Јакнење на капацитетите на партиските подмладоци за борба против корупцијата: Четврта обука на ИДСЦС

Институтот за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 30 и 31 јули на Попова Шапка ја одржа четвртата обука за креирање политики и борба против корупцијата наменета за подмладоците на политичките партии. На обуката учествуваа претставници на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН. Обуката имаше за цел да ги зајакне капацитетите на партиските подмладоци за […]
Документ за јавни политики за унапредување на работата на Здружението на судиите и Здружението на јавните обвинители

Независноста и професионалноста на судството не се исклучиво значајни само од призмата на човековите права, како што е правото на фер и правично судење, туку претставуваат исклучително важна компонента на модерните демократски држави, поради нивното влијание врз владеењето на правото. Поради тоа, државите имаат преземено серија чекори на глобално ниво за да се обезбедат основни […]
Трета обука за зајакнување на капацитетите на партиските подмладоци за креирање политики и антикорупција

Институт за демократија „Социетас цивлис“ – Скопје, на 2 и 3 јули ја одржа третата обука за креирање политики и борба против корупцијата наменета за партиските подмладоци. На обуката учествуваа претставници на подмладоците на движењето БЕСА и Нова социјалдемократска партија – НСДП. Обуката имаше за цел да ги зајакне капацитетите на партиските подмладоци за креирање […]
Во борбата против корупција клучни се политичката волја, натпартиските напори и враќање на довербата во институциите

Потребна е исклучителна политичка волја и од власта и од опозицијата, натпартиски напори, како и враќање на довербата во правосудството, Собранието и во останатите институции за да се постигне ефект во борбата против корупцијата. Ова е заклучокот од настанот „Парламент 2024-2028: Нови заложби во борбата против корупцијата“ посветен на улогата на Собранието во зајакнување на борбата против […]
Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење

Отворен повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење, за спроведување на фокус групи во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“, финансирана од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД, предводена од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС), Центарот за […]