fbpx
logo

„Реагирај“ – новиот дигитален сојузник на граѓаните во борбата против корупцијата

reagiraj-aplikacija | IDSCS

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), заедно со партнерите од програмата „Граѓаните против корупцијата“, ја креираа апликацијата „Реагирај“ која претставува иновативна, дигитална алатка наменета за граѓаните што сакаат да придонесат кон транспарентност и отчетност на јавните институции. 

Апликацијата е насочена кон поддршка на активното граѓанско учество, преку овозможување на лесно и брзо реагирање при непостапување на институциите кога  тоа е потребно, или при случаи што го загрозуваат интегритетот на институциите.

 

Граѓаните директно се вклучуваат во активната борба со корупцијата

 

„Целта на „Реагирај“ е да овозможи побрза и поефикасна комуникација помеѓу граѓаните и институциите. Со едноставен клик на копчето „реагирај“, се генерира мејл кој потоа корисникот може да го испрати до институциите одговорни за решавање на проблемот. Вака, граѓаните директно се вклучуваат во активната борба со корупцијата и добиваат можност да делуваат и да реагираат кон носителите на одлуки“, вели Миша Поповиќ, раководител на Центарот за добро управување во ИДСЦС.

На платформата, граѓаните може да ги најдат сите иницијативи што се креирани и упатени до различни институции. Овие акции покриваат различни области, како образование, здравство, јавни услуги. Секоја акција има различно време на траење и цел, овозможувајќи им на граѓаните да се вклучат во иницијативите што најмногу ги засегаат. 

Во моментов е активна и реакција за алармантната состојба со јавниот превоз во Скопје  со која граѓаните бараат унапредување на квалитетот и инвестиции во развој на современ, финансиски достапен и одржлив систем за јавен превоз.

 

 

reagiraj-aplikacija | IDSCS

Како да ја користите апликацијата „Реагирај“?


Ако користите мобилен уред:

  • Чекор 1: Клик на копчето „реагирај“ на акцијата што сакате да ја поддржите.
  • Чекор 2: Ќе се отвори вашата мејл апликација, содржината и адресите автоматски ќе ви бидат генерирани.
  • Чекор 3: Испратете го мејлот.

Ако користите компјутер:

  • Чекор 1: Клик на копчето „реагирај“ на акцијата што сакате да ја поддржите.
  • Чекор 2: Прочитајте го прозорчето со инструкциите за испраќање на е-пошта.
  • Чекор 3: Содржината на мејлот ви е ископирана, кликнете на копчето „реагирај“.
  • Чекор 4: Кога ќе ви се отвори интернет прелистувачот или стандардната програма што ја користите за испраќање е-пошта, пастирајте ја копираната содржина (со притискање на Ctrl + V) во делот каде се пишува е-поштата, адресите автоматски ќе ви бидат генерирани.
  • Чекор 5: Испратете го мејлот.

 

На апликацијата „Реагирај“ може да се пристапи на следниот ЛИНК.


Програмата „Граѓаните против корупцијата“ се реализира од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ) и Балканската истражувачка репортерска мрежа Македонија (БИРН). Финансирана е од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија.

Настани поврзани со проектот

reagiraj-aplikacija | IDSCS

Документ за јавни политики за унапредување на работата на Здружението на судиите и Здружението на јавните обвинители

30.08.2024

Независноста и професионалноста на судството не се исклучиво значајни само...

Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење

02.05.2024

Отворен повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно...

Перцепции за корупцијата и мотивација за вклучување во борба против корупцијата – Заклучоци од реализирани фокус групи

30.01.2024

Институт за демократија, во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“,...

Повик за изработка на веб апликација за антикорупција

05.12.2023

Отворен повик за изработка на веб апликација за антикорупција, во...

Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење

05.07.2023

Отворен е повик за ангажирање на агенција за истражување на...

Поврзани објави