Како изгледа здравствениот систем кога вашето здравје зависи од тоа дали имате пари, врски или време да чекате термин? Во најновото истражување на Институтот за демократија, ги слушнавме гласовите на граѓаните, од урбани и рурални средини, со различен економски статус и животни искуства кои отворено зборуваа за својата реалност во јавниот и приватниот здравствен систем.
Анализата „Доктор Рушвет“ открива како:
- Неформалните плаќања, подароци и „врски“ се претвораат во неизбежна влезница за навремена и квалитетна здравствена грижа;
- Економската состојба директно го одредува пристапот до лекување;
- Јавното здравство е во сенка на приватниот сектор, кој не секој може да си го дозволи;
- Пациентите се соочуваат со недостаток на термини, дискриминација и злоупотреба на довербата;
- Неказнивоста и недовербата во институциите ја гушат мотивацијата за пријавување на корупција.
Но, не сè е мрачно. Анализата бележи и светли примери, лекари со интегритет, професионалност и исклучоци кои покажуваат дека промена е можна.
Таа исто така го разгледува и ставот на граѓаните за тоа што треба да се преземе: од повисоки плати и повеќе кадар, до јасни санкции за злоупотребите. Анализата има за цел да ги истражи разликите во искуството со и перцепцијата за корупција во здравство кај граѓани со различна економска моќ, социјален статус и потекло или место на живеење.
Во рамки на оваа анализа, беше спроведено квалитативно истражување, односно осум фокус групи во сите осум плански региони, во кои учество земаа 81 лице. Особено се внимаваше учесниците да доаѓаат од домаќинства со различен приход и да имаат контакт со јавното здравство во изминатите 12 месеци.
Прочитајте ја целосната анализа тука:
ДОКТОР РУШВЕТ: АНАЛИЗА НА ФОКУС ГРУПИ ЗА КОРУПЦИЈА ВО ЗДРАВСТВО
Настани поврзани со проектот
Отворен повик за собирач на податоци
16.01.2025Документ за јавни политики за унапредување на работата на Здружението на судиите и Здружението на јавните обвинители
30.08.2024Независноста и професионалноста на судството не се исклучиво значајни само...
Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење
02.05.2024Отворен повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно...
Перцепции за корупцијата и мотивација за вклучување во борба против корупцијата – Заклучоци од реализирани фокус групи
30.01.2024Институт за демократија, во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“,...
Perceptimet për korrupsionin dhe motivimi për angazhim në luftën kundër korrupsionit – Konkluzione nga fokus grupet e realizuara
30.01.2024Nga analiza e opinioneve të pjesëmarrësve në fokus grupet për...
Повик за изработка на веб апликација за антикорупција
05.12.2023Отворен повик за изработка на веб апликација за антикорупција, во...
Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење
05.07.2023Отворен е повик за ангажирање на агенција за истражување на...







