fbpx
logo

Прва обука за зајакнување на партиските капацитети за креирање антикорупциски политики и програмски решенија

Институтот за демократија „Социтеас цивилис“ – Скопје, на 13 и 14 јуни во Велес одржа дводневна обука со членовите на партиските комисии на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), посветена на унапредување на нивните капацитети за препознавање на корупциски ризици и развивање антикорупциски политики кои можат да бидат интегрирани во идните изборни програми.

Преку интерактивни работилници и групна работа, учесниците ги мапираа корупциските ризици во секторите што ги покриваат нивните комисии. Преземајќи ја улогата на граѓани, тие го анализираа пристапот до конкретни јавни услуги и ги идентификуваа структурните слабости што создаваат простор за корупција.

Преку дискусија, учесниците направија анализа на претходните изборни програмски ветувања, нивната реализација во пракса и предизвиците поврзани со спроведувањето на реформите. Вториот ден беше посветен на формулирање конкретни предлози за реформи и антикорупциски мерки кои би можеле да бидат вклучени во идните програмски документи на партијата, при што беа разработени и пристапи за надминување на институционалниот и политичкиот отпор кон реформите, како и методи за проценка на ефектите од предложените мерки.

Оваа обука е прва од низата обуки и претставува дел од пошироките напори на Институтот за демократија за јакнење на интегритетот и антикорупциските капацитети на политичките партии, преку развој на политики кои придонесуваат за поголема отчетност, транспарентност и добро владеење.

 


 

Главната цел на проектот „Поттикнување дебата за отчетност и антикорупција“ е да придонесе кон процесот на реформи во Северна Македонија преку зајакнување на улогата на Собранието во борбата против корупцијата и неговото лидерство во спроведувањето и следењето на реформите за владеење на правото. Ова ќе се постигне преку континуирано ангажирање со политичките партии – вклучувајќи ги нивните лидери и младинските организации, членовите на парламентот, граѓанското општество и граѓаните. Проектот, исто така, ќе се фокусира на следење на спроведувањето на новата Национална стратегија за борба против корупцијата и евалуација на ефективноста на антикорупциските реформи преку инклузивни, консултативни и партиципативни пристапи.

 


 

Настани поврзани со проектот

Поврзани објави