Онлајн настанот „Making Rule of Law Resilience Work in EU Enlargement“, одржан на 12 март 2026 година, ги обедини авторите на серијата RESILIO-ACCESS Snapshot со цел да се дискутираат главните предизвици и можности за зајакнување на отпорноста на владеењето на правото во земјите-кандидатки за членство во Европската Унија.
Со придонеси од Зоран Нечев, Анамарија Велиновска, Борјан Ѓузелов и Јелена Пејиќ Никиќ, дискусијата се фокусираше на тоа како рамката RESILIO-ACCESS придонесува кон подобро разбирање на демократската отпорност и поддржува креирање политики засновани на докази во процесот на проширување на ЕУ.

Учесниците го истаканаа глобален тренд на пад на владеењето на правото и потребата од поефикасни политики за проширување на Европската Унија. Беше истакнато дека, иако постојните механизми на условеност располагаат со значителен потенцијал, нивната неконзистентна примена може да ја намали довербата на јавноста и да ја ослаби поддршката за реформите. Воедно, се разговараше за тоа како зголемената секуритизација и прекумерниот фокус на политичката стабилност можат негативно да влијаат врз демократското владеење, при што беше нагласено дека отпорните демократии зависат од силни институции, независни медиуми и активно граѓанско општество.
Дополнително, независноста на судството беше истакната како еден од клучните столбови на отпорноста на владеењето на правото. Учесниците посочија дека соодветното и одржливо финансирање на судските системи е од суштинско значење за нивна заштита од политички влијанија и за обезбедување на нивно ефикасно функционирање. Генерално, настанот ја нагласи важноста од преточување на резултатите од истражувањата во практични препораки кои можат да го зајакнат процесот на пристапување во ЕУ и да придонесат кон поотпорни демократски институции.
Прочитајте го извештајот „EU Accession and Rule of Law Resilience: Credibility and Leverage at the Core“ тука.
Прочитајте го извештајот „Judicial Independence and Expenditure in EU Accession Candidates“ тука.
Прочитајте го извештајот „Order and Security as Pillars of Rule of Law Resilience“ тука.
Погледнете ги RESILIO-ACCESS Snapshots тука
Погледнете ја целосната снимка од настанот: Rule of Law Resilience in EU Accession Countries | RESILIO-ACCESS Snapshots (Recording)
Податоците за кои се дискутираше, во форма на RESILIO-ACCESS Monitor, се достапни онлајн и може да се пристапат тука.
RESILIO-ACCESS: Опсерваторија за отпорност на владеењето на правото во земјите кандидати за членство во ЕУ: Колку е отпорно владеењето на правото во земјите од процесот на проширување на ЕУ? RESILIO-ACCESS користи интердисциплинарен пристап за да одговори на ова прашање и идентификува на кој начин политиката на проширување на ЕУ може да придонесе кон отпорни демократски структури во регионот. Проектот е заеднички имплементиран од страна на Institut für Europäische Politik (IEP) Берлин и Институтот за демократија „Социетас Цивилис” Скопје.




