Отворениот повик за комуникациска и брендинг дизајн-кампања е во рамки проектот „Зајакнување на учеството на граѓаните и бизнисите во Берлинскиот процес и Реформската агенда на Северна Македонија“ – (Strengthening Citizens’ and Business Ownership of the Berlin Process and North Macedonia’s National Reform Plan), финансиран од Фондација Отворено општество – Западен Балкан и имплементиран од Институт за демократија „Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во периодот 01.01.2025 – 31.12.2025.
- Опис на проектот:
Проектот има за цел да ја зголеми информираноста и свесноста за опипливите придобивки што ќе го унапредат квалитетот на живот и деловното опкружување на граѓаните, бизнисите и парламентот за придобивките од европската интеграција и механизмите поттикнати од Европската Унија. Фокусот е на реформите поврзани со процесот на пристапување кон ЕУ кој е дополнет со две меѓусебно поврзани иницијативи: Планот за реформи и раст, воведен во 2023 година, и Заедничкиот регионален пазар (CRM), инициран преку Берлинскиот процес во 2021 година, кој истовремено претставува втор столб на Фондот за реформи и раст.
Фондот за реформи и раст преку националните реформски агенди има за цел да иницира трансформативни реформи во клучни области, со што регионот ќе се доближи до Единствениот пазар на Европската Унија. Истовремено, тој ја нагласува важноста на зајакнување на економската интеграција во рамките на Западен Балкан преку CRM.
Врз основа на првиот Акциски план на CRM (2021–2024), вториот Акциски план (CRM 2.0, 2025–2029) продолжува да обезбедува рамка за соработка, решавајќи заеднички приоритети и предизвици. Вклучувањето на CRM во рамките на Планот за раст ја истакнува меѓусебната поврзаност на овие иницијативи, мотивирајќи ги земјите од регионот да спроведуваат реформи кои се од суштинско значење за унапредување на регионалната соработка и пошироката европска интеграција.
Главната цел на проектот е да ја подобри комуникацијата и да ја зголеми свесноста за опипливите придобивки што ќе го унапредат квалитетот на живот и деловното опкружување во Северна Македонија, со фокус на следниве два столба од Планот за реформи и раст:
- Зајакнување на економската интеграција со Единствениот пазар на ЕУ;
- Поттикнување на регионалната економска интеграција преку Заедничкиот регионален пазар.Специфичните цели на проектот се:– Подигнување на свеста кај јавноста, деловниот сектор и законодавците за можностите што ги нудат столбовите на Планот за раст, гледано од аспект на подобрување на квалитетот на живот и создавање поволно деловно опкружување.
– Зголемување на знаењето и разбирањето за потребните чекори за усогласување со стандардите на ЕУ и постигнување на целите на Националната реформска агенда.
2. Делокруг на работа
За потребите на проектот потребно е спроведување на комуникациска и брендинг дизајн-кампања која ќе се фокусира на подигнување на свеста кај јавноста, деловниот сектор и законодавците за можностите што ги нудат столбовите на Планот за раст, гледано од аспект на подобрување на квалитетот на живот и создавање поволно деловно опкружување и зголемување на знаењето и разбирањето за потребните чекори за усогласување со стандардите на ЕУ и постигнување на целите на Националната реформска агенда.
Кампањата треба да има главен фокус со главната цел на проектот: да ја подобри комуникацијата и да ја зголеми свесноста за опипливите придобивки што ќе го унапредат квалитетот на живот и деловното опкружување во Северна Македонија, со фокус на следниве два столба од Планот за реформи и раст:
- Зајакнување на економската интеграција со Единствениот пазар на ЕУ;
- Поттикнување на регионалната економска интеграција преку Заедничкиот регионален пазар.
3. Продукти што треба да ги изработи понудувачот
ПР-кампања, брендинг дизајн и комуникациски активности:
3.1 Дизајн на креативни материјали
20 креативи за социјални медиуми (снипети, инфографици..) базирани на истражувањата од двата столба и 6 креативи за најава на настани. Содржината на текстот за креативите ќе биде направена од тимот на ИДСЦС. Димензии за креативи 1080×1920 и 1080×1080.
3.2 ПР-кампања
Пишување и пласман на 5 ПР-текстови во пет медиуми. Текстовите треба да се адаптирани соодветно за секој медиум и соодветната таргет публика. Да се наведат предлог медиумите за пласманот.
3.3 Видео-тестимонијали
Снимање и комплетна продукција на 2 видео тестимонијали, во „јутјуб“ и „рил формат“ (хоризонтален 16:9 и во вертикален 9:16 формат. Едно видео за Националната рефорска агенда, едно за Берлински процес во траење од 1 минута до 2. Соговорниците (двајца) дополнително ќе се идентификуваат заедно со тимот на ИДСЦС. Пожелно е видеото да се снима во студио, или да се најде соодветна локација и треба да содржи интро и аутро и дисклејмер на проектот.
3.4 Радио кампања
Снимање на 5 радио пораки (пораките ќе произлезат од истражувањата на ИДСЦС). Обезбедување на пласман (закуп) на радио пораките на кредибилни и популарни национални и локални радио станици – 2 локални и 2 национални радија. Една радио порака во траење од 20 до 30 секунди.
3.5 ТВ гостувања
Презентација на главните пораки во две ТВ-емисии или во новинарски прилози што се гледани и соодветни за таргет публиката на проектот. Во понудата да се идентификуваат медиумите, и да се договари закуп на просторот.
4. Временска рамка
Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка: од 01 април до 31декември 2025 година. Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорен меѓу ИДСЦС и понудувачот.
5. Сопственост
Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на ИДСЦС. Агенцијата се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од ИДСЦС.
6. Надомест
Договорениот надоместок за изработка на продуктите и услугите ќе биде исплатен во два дела. После потпишување на договорот за соработка меѓу ИДСЦС и добавувачот, и по испорака на сите сегменти во апликацијата.
7.Побарана понуда
Финансиска понуда изразена во долари со ДДВ.
8. Потребни документи
8.1 Понуда и финансиски предлог
9. Процедура за избор
Институт за демократија ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во предложениот концепт, понудената цена и искуството на понудувачот. Институтот го задржува правото да избере една понуда или да не одбере ниту една од понудите. ИДСЦС се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.
10 Достава на апликација
Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Понуда за комуникациска и брендинг дизајн кампања, не подоцна од 21 февруари (23:59часот) 2025 година. ИДСЦС ќе го извести избраниот кандидат, а апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид.