На 18.09.2013 (среда) се одржа конференцијата со која официјално се означи започнувањето на Програмата на УСАИД за борба против корупцијатата. Со Програмата ќе бидат поддржани граѓанските организации во нивните напори за подигање на интегритетот и отчетноста на државните институции. Институтот за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) е една од партнерските организации кои ја спроведуваат Програмата, заедно со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во својство на носител на проектот и останатите партнери, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) и Транспарентност Македонија (ТМ).
Конференцијата ја отвори Александар Кржаловски, првиот извршен директор на МЦМС, а потоа присутните ги поздравија Џејмс Стајн, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија и Сејди Халили од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Емина Нурединовска, раководителка на секторот граѓанско општество во МЦМС, ја презентираше Програмата, активностите и очекуваните резултати. Активностите вклучуваат неколку иновативни методи меѓу кои особено значаен е Системот за следење на корупцијата (ССК), применет во повеќе држави од Централна и Источна Европа. Програмата опфаќа и организирање на форуми за јавни политики за борба против корупцијата, развивање на акциски планови во различни области, јакнење на капацитетите на граѓанските организации за борба против корупцијата и нивно вмрежување, следење на учеството на јавноста во процесите на подготовка на законите, проценка на ризик од корупција во поединечни државни институции, јакнење на свеста на граѓаните, информирање на јавноста за динамиката на коруптивните практики, како и други активности.
ССК овозможува придобивање на детални информации за типовите, нивото и трендовите на корупцијата во државата како и нивна длабинска анализа. Руслан Стефанов од Центарот за изучување на демократија (ЦИД) од Република Бугарија го презентираше ССК на присутните, осврнувајќи се на искуствата кои ЦИД ги има со ваков вид на мониторинг во повеќе држави. ССК е вклучен во прирачникот на Обединетите нации (ООН) за борба против корупцијата, како најдобра национална практика, како и при подготовката на првиот Антикорупциски извештај на ЕУ.
Во рамки на Програмата, ИДСЦС со својата експертиза ќе биде директно вклучен во следењето на корупцијата во Македонија по методологијата на ССК.
Настани поврзани со проектот
Како до интегритет во Државната комисија за спречување на корупцијата?
29.06.2018Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е една од...
Барање да не се усвои и да се врати на дополнување Годишниот извештај за работа на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2016 г.
28.06.2017Платформата на граѓански организации за борба против корупција ја повикува...
ИДСЦС ќе ја администрира работата на Платформата за борба против корупцијата
10.04.2017нститутот за демократија „Социетас цивилис“ на собранието на Платформата на...
Корупцијата во Македонија расте, отпорот слабее
21.10.2016Коруптивниот притисок од страна на службените лица (барање на мито...
Антикорупциска конференција во Скопје: Заробената држава не е повеќе само метафора
07.10.2016Прашањата за борба против корупцијата во земјите од Западен Балкан...
Проценет ризикот за корупција во четири институции
30.09.2016Во текот на 2015 и 2016 година, ИДСЦС спроведуваше проценка...
Доделени награди за новинарски истражувања за корупција
27.09.2016Индиции за користење на земјоделските субвенции за политичка корупција, кои...
Обука за техники на истражувачко новинарство во јавните набавки
06.05.2016Интернет системите за јавни набавки и јавните податоци кои ги...
Јавна реaкција до Државната комисија за спречување на корупцијата
12.04.2016Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, денес (12...
Повторен повик на Платформата за борба против корупцијата до Јавното обвинителство
21.07.2015Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата уште еднаш...
Промовиран Регионалниот извештај за антикорупција
11.02.2015На 30ти јануари 2015 година во Скопје, вршителот на должност...
Програмата на УСАИД за антикорупција ja презентира Платформата за борба против корупција
11.12.2014На 9 декември 2014 година во Скопје, 15 граѓански организации...
Повик за консултант
28.11.2014Институтот за демократија Социетас Цивилис - Скопје (ИДСЦС) објавува повик...
Форум „Политики за антикорупција“
13.10.2014Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во партнерство со Институтот за...