logo

Обука за техники на истражувачко новинарство во јавните набавки

Obuka javni nabavki 1
Share on facebook
Share on twitter

Obuka javni nabavki 1

Интернет системите за јавни набавки и јавните податоци кои ги поседуваат институциите можат да пружат доволно индиции и докази за откривање на случаи на клиентелизам, корупција или злоупотреба на јавните пари во процесите на јавни набавки. Со таа цел студенти по новинарство и помлади новинари учествуваа на дводневната обука за техники на истражувачко новинарство во јавните набавки организирана од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во рамки на Програмата на УСАИД за борба против корупција.

Истражувачките техники ги презентираше Мунир Подумљак, хрватски стручњак за борба против корупција и претседател на организацијата Партнерство за социјален развој од Хрватска како и автор на повеќе истражувања со кои се иницирани корупциски скандали.

Подумљак во првиот дел од обуката презентираше теоретски рамки за што се подразбира под корупција и клиентелизам и кои се ефектите доколку ваквите случаи се прошират во општо прифатена пракса во општеството. Во вториот дел се презентираа концептот, улогата, целта и основите на дата – новинарството, односно на истражувања базирани на обработка на податоци. Во рамки на обуката присутните беа упатени во начините на структурирање и новинарско пишување на вакво истражување според високите стандарди и барања за известување.

Obuka javni nabavki 2

Сабина Факиќ, поранешен новинар и уредник и долгогодишен истражувач на процесите на јавни набавки во рамки на граѓанската организација Центар за граѓански комуникации во вториот ден од обуката го презентираше системот за јавни набавки, процедурите и главните извори на информации за тендерските постапки.

Предавачите во финалниот дел од обуката работеа на практични примери на истражување на податоци, пишување на новинарски приказни како и планирање на истражувања кои учесници на обуката треба да ги реализираа во следните 6 месеци.

За претходните содржини од Програмата за борба против корупција пристапете преку следниот линк: https://idscs.org.mk/mk/tekovni-proekti/programa-na-usaid-za-borba-protiv-korupcija

Поврзани објави