platforma bpk

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, денес (12 април 2016 година) упати јавен повик до Државната комисија за спречување на корупција да го почитува Законот за спречување на корупција врз основа на кој е формирана. Јавната реакција е резултат на изјавата на претседателот на ДКСК дадена на прес конференцијата одржана на 6 април 2016 година кога дозволи само делумен увид во анкетниот лист на поранешниот претседател на Владата на Република Македонија.

Платформата ја оценува како несоодветна изјавата на претседателот на ДКСК, а неговата постапка е без законска основа. Платформата укажува дека Законот не содржи одредба со која се уредува:

1. дека анкетниот лист ќе биде симнат од веб страницата на Државната комисија по престанокот на функцијата;
2. дека анкетните листови кои согласно законот треба да се достават во рок од 30 дена по престанок на функцијата, нема да бидат објавени.

Членките на Платформата ја повикаа Комисијата да ги објави анкетните листови на сите членови на Комисијата и потсетија дека информациите во анкетните листови се од јавен интерес, а потребата од увид во овие информации не треба никому посебно да му се објаснува и образложува.

platforma logo