logo

Проценет ризикот за корупција во четири институции

Share on facebook
Share on twitter

Во текот на 2015 и 2016 година, ИДСЦС спроведуваше проценка на ризици од корупција во областите здравство и образование.

Проценката на ризици од корупција претставува инструмент за добро управување преку кој се лоцираат процедури и пракси кои се под ризик од корупција и се превземаат мерки за да се намалат тие ризици. Областите кои се покриваат се пракси и процедури во: менаџирање, финансии, јавни набавки, вработување и напредување и антикорупциски политики.

За таа цел, ИДСЦС успешно оствари соработка со ЈЗУ „8-ми септември“ од Скопје каде заедно со истражување на менаџментот, вработените, пациентите и економските добавувачи, изработивме извештај за проценка на ризици од корупција. Овој извештај му го доставивме на менаџментот со препораки за унапредување на работата во некои издвоени области.

ИДСЦС, во истиот период спроведе и екстерни проценки каде истражуваше за експонираноста на корупција на пациентите и економските оператори кај Клиничката болница „Трифун Пановски“ од Битола, како и кај студентите и добавувачите на Државниот универзитет од Тетово и Машинскиот факултет од Скопје.

Како и за ЈЗУ „8-ми септември“, ИДСЦС на овие институции им ги достави резултатите од истражувањето заедно со препораки за тоа како може да се унапреди работата и намалат ризици од корупција онаму каде беше лоцирано дека постојат.

Поврзани објави