Реакција: Законот за висока раководна служба да се донесе пред парламентарните избори

Донесувањето на Законот за висока раководна служба ќе донесе стандарди за професионализација на високата раководна служба и претставува чекор напред кон решавање на долгогодишен проблем со назначувањето на директори и раководители во Република Северна Македонија. Подготовката и донесувањето на Законот се провлекува веќе неколку години наназад, а одговорноста за ова се префрла низ различни институции. […]

Слабости на капацитет во справување со загадување на воздухот

Ниската еколошка свест, слабите институционални капацитети, лошите практики и несоодветните мерки придонесоа за еколошките проблеми во Северна Македонија. Покрај предизвиците, сè уште има начини на кои граѓаните можат да преземат активности за да помогнат во ублажувањето на ефектите од еколошката корупција во Македонија. Со подигање на свеста за ова прашање и залагање за посилни регулативи […]

Паметното планирање може да спречи незгоди и катастрофи

Илјадници хектари шума изгоре во пожарите кои ја зафатија земјата за време на топлотниот бран ова лето кој донесе натпросечно високи температури. Штетата е голема и тешко се надоместува. Последиците од опустошените шумски предели веднаш ќе ги почувствуваме сите со првиот бран на загадување на воздухот, а ова ќе предизвика и други далекусежни еколошки и […]

Видео: Несреќа е да се нема план за несреќи

Од нашите локални власти, треба да бараме и да очекуваме да имаат планови за намалување на ризици од несреќи и катастрофи. Без тоа, се друго што ќе направат, како патишта, паркови, инфраструктура, лесно може да биде загрозено од несреќи и катастрофи. Овој производ е подготвен во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи […]

Видео: Јавните претпријатија треба да бидат подготвени за вонредни и кризни услови

Граѓаните очекуваат собран смет, безбедна вода за пиење и функционален јавен превоз, бидејќи основните потреби на граѓаните остануваат исти без разлика на настанатите услови и состојби. Јавните претпријатија треба да бидат подготвени да обезбедат услуги кон граѓаните во различни услови, како во нормални така и во вонредни. Проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и […]

Со измени на Законот за јавни претпријатија до поквалитетни јавни услуги

Јавните претпријатија претставуваат институции со кои што граѓаните секојдневно се среќаваат и од нив очекуваат навремени, квалитетни, лесно достапни и брзи услуги кои треба да им го подобрат квалитетот на животот. Тие трошат јавни (ваши) пари и последиците од нивното работење влијаат на многу луѓе. Дали граѓаните ќе бидат задоволни или разочарани зависи од квалитетот […]

Видео: Кој управува со јавните претпријатија и како да се подобри состојбата

Со измени на Законот за јавни претпријатија треба да се постават минималните услови за членување во одборите, како образование и искуство. Потоа да се распише јавен конкурс за кандидатите, па да се формира комисија што ќе треба да ги процени и да ги интервјуира. Дури на крајот да се изврши избор, низ јавна и прецизна […]

Управувањето со јавните претпријатија е резервирано за мажите

Родовата еднаквост значи дека жените и мажите, еднакво треба да уживаат исти права, ресурси, можности и заштита во општеството. На глобално ниво, постигнувањето на родова еднаквост е од приоритетна важност и се користат различни методи за да се урнат сите родовите бариери и сите форми на дискриминација. Учеството на жените и мажите во сите области […]