Отворениот повик за собирач на податоци е во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата” (Citizens Against Corruption). Програмата е финансирана со помош од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД (USAID), а имплементирана во периодот април 2023 –април 2028 година.
Опис на проектот
Општа цел на програмата е да се зголеми вклученоста на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на реакцијата на државните институции и ефективност во справувањето со корупцијата. Целокупниот програмски пристап се заснова на широка акција за подигање на свеста која ги обединува граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор.
Работните обврски ќе бидат:
- Администрирање на алатката Реагирај, вклучително и собирање и ажурирање на релевнатни податоци (idscs.org.mk);
- Разгледување и анализа на ревизорски извештаи од Државниот завод за ревизија, други релевантни регулаторни тела, граѓански организации и медиуми за идентификување на идеи за нови акции на алатката Реагирај;
- По насока на постарите истражувачи, прибирање податоци и анализа за изработка на документи за јавни политики од доментот на антикорупција и добро владеење;
- Идентификување и комуникација со потенцијални говорници за поткасти;
- Поддршка во извршување на административни задачи во координација со проектниот тим.
Од лицето се очекува:
- Работа од 4 часа дневно (20 часа недело) во периодот помеѓу 9:30 и 16:30 часот, за активностите поврзани со проектот, во целиот период на ангажман;
- Почитување на зададените рокови од проектниот менаџер и истражувачите;
- Водење евиденција за работниот ангажман и доставување на истата до проектниот менаџер;
- Извршување на задачите, комуникација, и соработка со проектниот тим по хоризонтална и вертикална основа утврдена според проектот и внатрешните акти на ИДСЦС.
Потребни знаења и вештини:
- Искуство во собирање податоци и претходни истражувања во граѓанскиот сектор;
- Течно говорење и пишување на англиски јазик.
Работниот ангажман ќе се спроведува во периодот од 15 февруари до 31 декември 2025 година со можност за продолжување на ангажманот.
Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија (CV) во ЕУ формат на македонски јазик на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација за собирач на податоци, најдоцна до 30 јануари 2025 година. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. Само предселектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Настани поврзани со проектот
Отворен повик за собирач на податоци
16.01.2025Документ за јавни политики за унапредување на работата на Здружението на судиите и Здружението на јавните обвинители
30.08.2024Независноста и професионалноста на судството не се исклучиво значајни само...
Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење
02.05.2024Отворен повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно...
Перцепции за корупцијата и мотивација за вклучување во борба против корупцијата – Заклучоци од реализирани фокус групи
30.01.2024Институт за демократија, во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“,...
Perceptimet për korrupsionin dhe motivimi për angazhim në luftën kundër korrupsionit – Konkluzione nga fokus grupet e realizuara
30.01.2024Nga analiza e opinioneve të pjesëmarrësve në fokus grupet për...
Повик за изработка на веб апликација за антикорупција
05.12.2023Отворен повик за изработка на веб апликација за антикорупција, во...
Повик за ангажирање на агенција за истражување на јавно мислење
05.07.2023Отворен е повик за ангажирање на агенција за истражување на...







