fbpx
logo

Информ билтен Бр.1: Важноста на неформалноста

Иако ги проучуваме неформалните институции, ние на нив не гледаме како на „примордијални“ или како на резултат на „непроменливите“ култури на балканските општества. Напротив, сметаме дека во секој циклус на важни промени во овие општества доаѓа до специфично вкрстување на формалните и неформалните институции кои заеднички го регулираат социјалниот живот. Сметаме дека овие „нови“ пост-социјалистички […]

Завршна конференција: Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно користење на ЕУ фондовите

На завршна конференција Институтот за демократија презентираше разработени проектни идеи на граѓански организации и државни институции и  „Прирачник за ЕУ проектен дизајн и раководење со проектен циклус“ во рамки на проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“ финансиран од Европската Унија. Институтот за демократија “Социетас Цивилис” Скопје, во соработка со Асоцијација […]

Повик за пријавување за обука во Црна Гора: Поттикнување на промена на стигматизирачки ставови

Европа се соочува со зголемување на бројот на мигранти и бегалци, a ризикот од радикализација, и тоа најмногу кај младите, е во пораст. Младите луѓе, социјално исклучени, се повлечени во екстремистички движења во нивната потрага по идентитет и место во општеството. На оваа тема ќе се одржи обука во Будва, Црна Гора, во периодот од […]

Анализа: Кредибилитетот на Европската Унија во Македонија е доведен во прашање

Наодите од анализата „Кредибилитетот на Европската Унија во Македонија е доведен во прашање“ изработена од Зоран Нечев и Христијан Петрушев од ИДСЦС укажуваат дека најголемиот процент на испитаници (44,3%) не се задоволни од напорите кои ЕУ ги презема во улога на медијатор во политичката криза во Македонија. Според истражувањето, мнозинството од испитаниците (58.5%) воопшто не […]

Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2016)

Податоците од „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014-2016)“ на проф. Иван Дамјановски во рамки на соработката на Фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ со која од 2014 година започнаа со воспоставување на долгорочна база на податоци за јавната поддршка на пристапниот процес и членството на […]

Западниот Балкан и Берлинскиот процес: Што е постигнато до сега и кои се следните чекори?

Во која мера се спроведуваат реформите од Берлинскиот процес и како тие придонесуваат за регионалната соработка и унапредување на креирањето на политики во Западниот Балкан? Институтот за демократија ќе даде одговор на овие прашања преку следните активности: 1) процена на ефектите од Берлинскиот процес во шесте земји од Западниот Балкан во однос на процесот на […]

Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) ќе анализираат како се спроведува процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики во Македонија. Преку проектот „Проценка на влијанието на регулативата [...]

Зајакнување на улогата на Собранието во процесот на пристапувањето кон ЕУ

Зајакнување на улогата и капацитетот на Собранието во процесот на пристапување кон Европската Унија е целта на проектот кој го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Целта ќе се постигне преку изработка на предлози за зајакнување на улогата на Собранието при усогласување на македонското со законодавството на Европската Унија и преку промовирање на вклучување на [...]

Анализа: Враќање на трансформативната моќ на Европската Унија на Западниот Балкан

“Европската унија се наоѓа во средина на мноштво на надополнувачки кризи. Можната сецесионистичка криза поттикната од Брегзит е последната манифестација на ранливоста на Европа и на намалената атрактивност на европската интеграција. Зголемениот недостаток на единство, предизвикан од неспособноста да се надминат поделбите и да се постигне консензус, станува евидентна во пристапот на ЕУ кон моменталната […]