logo

Зајакнување на улогата на Собранието во процесот на пристапувањето кон ЕУ

Share on facebook
Share on twitter

Зајакнување на улогата и капацитетот на Собранието во процесот на пристапување кон Европската Унија е целта на проектот кој го спроведува Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

Целта ќе се постигне преку изработка на предлози за зајакнување на улогата на Собранието при усогласување на македонското со законодавството на Европската Унија и преку промовирање на вклучување на граѓанскиот сектор во работата на Собранието.

Временска рамка на имплементација: септември 2016 – февруари 2017

Донатор: ИПА 2 Механизам за граѓанските организации.

Проектен буџет: € 4,500

Проектот ќе ги постигне целите преку спроведување на следниве активности:

  • Спроведување на истражување при што ќе се разгледа постојната админситративна и законска рамка, како и претходни истражувања на темата
  • Спроведување на теренско истражување преку спроведување на интервјуа со релевантни чинители
  • Подготовка на документ за јавни политики со наодите од истражувањето и препораки за подобрување на состојбите
  • Активности за информирање и застапувањe

Очекувани резултати:

  • Идентификување на поставеноста на Собранието во постоечката административна рамка и утврдување на можности за зајакнување на неговата улога
  • Утврдување на степенот на применување на постојните процедури, согласно деловникот на Собранието, во процесот на усогласување на македонското со европското законодавство
  • Оценка на квалитет на дебата во Собранието при усогласување на македонското со европското законодавство користејќи го Индексот за квалитет на дебата (развиен од ИДСЦС)
  • Зајакнување на улогата на Собранието во усогласување и спроведување на европското законодавство во Македонија
  • Преглед на вклученоста на граѓанскиот сектор во работата на Собранието поврзана со процесот на пристапување кон ЕУ, особено во работата на Националниот совет за eвроинтеграции и Комисијата за европски прашања
  • Посуштинско вклучување на граѓанскиот сектор во работата на работните тела на Собранието во насока на унапредување на постапката за усогласување со законодавството на ЕУ

Настани поврзани со проектот

[zad_blog blog_style=”masonry” display_cat=”sobranieto-vo-pristapuvanje0kon-eu” enable_filter=”off” enable_pagination=”enable_pagination” pagination_style=”loadmore” items_per_page=”10″ blog_excerpt_length=”20″]

Поврзани објави