logo

Анализа: Кредибилитетот на Европската Унија во Македонија е доведен во прашање

Share on facebook
Share on twitter

Наодите од анализата „Кредибилитетот на Европската Унија во Македонија е доведен во прашање“ изработена од Зоран Нечев и Христијан Петрушев од ИДСЦС укажуваат дека најголемиот процент на испитаници (44,3%) не се задоволни од напорите кои ЕУ ги презема во улога на медијатор во политичката криза во Македонија. Според истражувањето, мнозинството од испитаниците (58.5%) воопшто не се запознаени со извештајот на Прибе.

Притоа околу четвртина од граѓаните (26,2%) сметаат дека ЕУ би била најдобриот странски сојузник на Македонија, 25% од населението сметаат дека тоа би била Русија, додека за 17,5% од граѓаните, САД  е претпочитан сојузник.

„Мнозинството граѓани сметаат дека процесот на пристапување во ЕУ ќе има позитивен придонес кон зајакнувањето на владеењето на правото во Македонија, но истовремено очигледно е високо нивото на непознавање на тоа како би се постигнала оваа цел. Повисоката инклинација на испитаниците кон незадоволство од вложените напори на ЕУ во улога на медијатор во политичката криза во Македонија, нема посериозен негативен ефект врз општата јавна поддршка за процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ“ вели Нечев.

Постои значителна разлика помеѓу двете најголеми етнички групи во Македонија во однос на нивните перцепции за најдобар/најпретпочитуван надворешен сојузник на Македонија. Највисокиот процент на етнички Албанците ја поддржуваат ЕУ и САД, соодветно со 32,2% и 28,3%, додека најголем дел од етничките Македонци (29,9%) сметаат дека Русија би била најдобриот сојузник за Македонија.

Заедничко за двете најголеми етнички групи во Македонија е високата поддршка за членство во ЕУ.

Публикација: Кредибилитетот на Европската Унија во Македонија е доведен во прашање

Инфографик: Кредибилитетот на Европската Унија во Македонија е доведен во прашање

Поврзани објави