fbpx
logo

Реформите и бизнисите: Приоритети, предизвици и следни чекори

Во рамките на проектот „Зајакнување на учеството на граѓаните и бизнисите во Берлинскиот процес и Реформската агенда на Северна Македонија“, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, со поддршка од Фондација Отворено општество – Западен Балкан, организираше втор информативен вебинар посветен на Реформската агенда и нејзиното значење за бизнис заедницата.

Вебинарот, реализиран во соработка со Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија, се фокусираше на развојот на приватниот сектор и подобрувањето на деловното окружување. Воедно, беа презентирани заклучоците и препораките од конференцијата „Помалку бариери, повеќе можности: Реформи за ветер во грб на малите и средни бизниси“, одржана на 25 март 2026 година во Скопје, како и клучните приоритети и предизвици со кои се соочуваат малите и средни претпријатија во наредниот период.

 

 

На настанот учествуваа претставници на компании, мали и средни претпријатија, стопански организации, институции, како и експерти и практичари од областа на економскиот развој и јавните политики.

Целта на вебинарот беше да се зголеми информираноста и разбирањето на реформските процеси, како и да се поттикне поактивна вклученост на бизнис заедницата во нивното следење и имплементација.

Настанот е дел од пошироките активности на проектот, чија главна цел е подобрување на комуникацијата и зголемување на свесноста за опипливите придобивки од реформите што треба да придонесат кон унапредување на квалитетот на живот и деловното опкружување во нашата држава, со фокус на зајакнување на економската интеграција со Единствениот пазар на ЕУ и поттикнување на регионалната економска интеграција преку Заедничкиот регионален пазар.

Настани поврзани со проектот

Поврзани објави