Проектот „Креатори на иднината: Од идеи до локално влијание“ ги поврзува вработливоста, граѓанското учество и локалното управување во три општини – Кавадарци, Кочани и Штип. Преку обуки, менторство и практично учење, 45 млади на возраст од 15 до 29 години ќе ги зајакнат своите компетенции и ќе соработуваат со општините, локалните младински совети, младинските организации и работодавачите.
Активностите во рамки на проектот вклучуваат организирање на академија за граѓански и кариерен развој, посети на институции и работодавачи, дигитален механизам „Civic Watch“ за идентификување локални потреби и работилници за заедничко развивање решенија. Преку девет грантови ќе се поддржи спроведувањето младински локални иницијативи, додека одговорот на општините на младинските приоритети ќе се следи со посебна методологија за оценување.
Проектот ќе работи кон остварување на следните цели:
- Зајакнување на вештините за вработување, административната писменост, граѓанските и лидерските компетенции, професионалните мрежи и самодовербата на младите за активно учество во локалниот развој.
- Унапредување на соработката меѓу младите, општините, локалните младински совети, младинските организации и работодавачите за заедничко утврдување приоритети и спроведување практични решенија.
- Воспоставување одржливи механизми за локално управување што ги зема предвид потребите и предлозите на младите.
Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје го реализира проектот во соработка со општините Кавадарци, Кочани и Штип и младински организации со локално присуство.
Период на имплементација: октомври 2026 – септември 2028 година.
Средства: 200.000 EUR.
Донатор: Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија, преку програмата МАТРА.