fbpx
logo

JАВЕН ПОВИК За избор на локални граѓански организации – партнери во спроведувањето на проектот „Креатори на иднината: Од идеи до локално влијание“

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) објавува јавен повик за избор на локални граѓански организации, кои се регистрирани, или работат,  или имаат присуство во општините Кавадарци, Кочани и Штип, кои ќе бидат ангажирани како локални партнери во спроведувањето на проектот „Креатори на иднината: Од идеи до локално влијание“, поддржан преку програмата МАТРА на Кралството Холандија.

  1. За проектот

 

Проектот „Креатори на иднината: Од идеи до локално влијание“ има за цел да придонесе кон подобрување на вработливоста на младите, зајакнување на нивното граѓанско учество и унапредување на локалното управување што одговара на потребите и приоритетите на младите во општините Кавадарци, Кочани и Штип.

Проектот се заснова на интегриран пристап кој ги поврзува развојот на практични компетенции, младинското учество во креирањето на локалните политики, соработката со локалните институции и работодавачите и спроведувањето конкретни младински иницијативи.

Преку проектните активности младите ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини, да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, да идентификуваат предизвици во своите заедници и, во соработка со општините и други локални чинители, да развијат и реализираат решенија.

Посебен акцент се става на зајакнувањето на локалните механизми за младинско учество и воспоставувањето одржлива соработка меѓу младите, граѓанските организации и општинските институции.

  1. Цел на јавниот повик

 

Целта на јавниот повик е избор на  најмногу три граѓански организации кои работат или имаат присуство во општините опфатени со проектот,  кои ќе обезбедат континуирана локална поддршка во спроведувањето на проектните активности.

Избраните организации ќе имаат улога на локални имплементациски партнери и ќе придонесуваат кон мобилизација и активно вклучување на младите, олеснување на комуникацијата со локалните институции, зајакнување на младинските механизми за учество и менторска поддршка на младинските иницијативи.

Со избраните организации ќе бидат склучени партнерски договори со времетраење од 20 месеци, со почеток од 1 февруари 2027, со дефинирани обврски, очекувани резултати, начини на известување и услови за финансиска поддршка.

  1. Улога и одговорност на избраните организации

 

Секоја избрана организација ќе биде одговорна за спроведување на следните активности во општината(ите) за која(и) е избрана:

А1. Поддршка во организирање и реализирање на Младинска граѓанска и кариерна академија (Youth Civic and Career Academy)

  • Информирање и мобилизација на млади на возраст од 15 до 29 години од соодветната општина, преку локални контакти, младински мрежи, образовни институции и други релевантни канали, со цел обезбедување доволен број заинтересирани кандидати.
  • Поддршка во процесот на регрутирање и селекција на 15 млади учесници од соодветната општина, во координација со ИДСЦС, со посебно внимание на родовата застапеност, географската и социјалната разновидност и вклучувањето млади со помалку можности.
  • Континуирана комуникација со избраните 15 учесници по општина, вклучително и нивно навремено информирање за распоредот, локациите и организациските детали, потврдување на присуството и поттикнување на редовно учество во Академијата.
  • Локална организациска и логистичка поддршка при реализацијата на трите дводневни модули, односно вкупно шест денови обука во соодветната општина.
  • Поддршка во следењето на присуството и ангажираноста на учесниците, вклучително и навремено идентификување на евентуални откажувања или пречки за учество и комуникација со проектниот тим за нивно надминување.

A2. Поддршка со организаирањето и реализирањето на Општински кариерни лаборатории (Municipal Career Labs)

  • Идентификување и воспоставување контакти со релевантни локални институции, јавни установи и работодавачи кои би можеле да бидат вклучени во кариерните лаборатории, студиските посети и настаните за вмрежување.
  • Координација и комуникација со младите учесници, вклучително и нивно навремено информирање за распоредот, локациите и организациските детали, како и потврдување на нивното учество.
  • Присуство и логистичка поддршка за време на организирањето и реализацијата на активностите поврзани со кариерните лаборатории.

А3. Поддршка со организаирањето и реализирањето на механизмот Civic Watch

  • Поддршка во промовирањето на механизмот Civic Watch преку информирање и мотивирање на младите да го користат механизмот за идентификување на локалните потреби, проблеми и предизвици.
  • Мобилизација на млади за активно користење на Civic Watch, вклучително и млади кои не се дел од постојните младински структури, со посебно внимание на вклучување различни групи млади од соодветната општина.
  • Поддршка во организирањето и спроведувањето на една информативна и воведна сесија за претставување на Civic Watch во координација со ИДСЦС и општината.
  • Континуирана комуникација и поддршка на младите при користењето на механизмот, вклучително и насочување за соодветно идентификување и формулирање локални предизвици и предлози за подобрување.
  • Поддршка во организирањето и спроведувањето на една сесија за анализа и приоритизација на прибраните предлози, во соработка со ИДСЦС, општината и релевантните локални чинители.
  • Учество во разгледувањето и идентификувањето на приоритетните локални прашања, врз основа на информациите прибрани преку Civic Watch, кои понатаму ќе се разработуваат во рамките на Future Makers Labs.

А4. Поддршка во организирањето и реализирањето на Future Makers Labs и зајакнување на соработката меѓу општините и младите

  • Поддршка во организирањето и спроведувањето на две дводневни Future Makers Labs, вклучително и локална координација, логистичка поддршка и мобилизација на младите и релевантните локални чинители.
  • Поддршка во фасилитацијата на групната работа и менторирањето на младите при разгледувањето на локалните приоритети идентификувани преку Civic Watch и развивањето конкретни предлози и планови за реализација на младински иницијативи.
  • Организирање и спроведување на една дводневна работилница за јакнење на капацитетите на Локалниот младински совет, за 15 учесници, во соработка и координација со ИДСЦС.
  • Поддршка во организирањето и спроведувањето на редовни координативни состаноци меѓу младите, Локалниот младински совет, општината и другите релевантни локални чинители.

A5. Поддршка во организирањето и реализирањето на Младински акциски грантови (Youth Action Grants)

  • Поддршка во информирањето и насочувањето на младинските тимови за можностите за финансиска поддршка преку Youth Action Grants, вклучително и помош при разработката на проектните идеи и подготовката на предлозите за аплицирање.
  • Обезбедување континуирана менторска и техничка поддршка за трите избрани младински тимови во соодветната општина, при планирањето, организирањето и спроведувањето на нивните иницијативи. По две иницијативи во секоја општина ќе добијат финансиска поддршка до 150.000 денари.
  • Следење на напредокот во реализацијата на младинските иницијативи, вклучително и спроведување мониторинг и менторски посети, идентификување предизвици и обезбедување практична поддршка за нивно надминување, во координација со ИДСЦС.

A6. Поддршка во презентацијата на младински иновации (Youth Innovation Showcases)

  • Поддршка во организирањето и спроведувањето на два еднодневни настани Youth Innovation Showcases, во координација со ИДСЦС, на кои ќе бидат претставени младинските иницијативи и резултатите од сите три општини.
  • Поддршка на младинските тимови при подготовката и презентацијата на реализираните иницијативи, вклучително и претставување на постигнатите резултати, стекнатите искуства и придобивките за локалната заедница.
  • Поддршка во идентификувањето и мобилизацијата на релевантни локални чинители, вклучително и претставници на општината, јавните институции, образовните установи и работодавачите, за учество на настаните и вмрежување со младите.

А7. Комуникација, Future Makers Toolkit, препораки за јавни политики и завршна национална конференција

  • Активно промовирање на проектот, проектните активности, публикации и постигнатите резултати преку сопствените комуникациски канали и локални мрежи, во координација со ИДСЦС и во согласност со Прирачникот за визуелен идентитет на проектот.
  • Поддршка во документирањето на резултатите, добрите практики и научените лекции од спроведувањето на проектните активности.
  • Придонес во процесот на подготовка на препораки за јавни политики, преку споделување локални искуства, идентификувани предизвици и сознанија од соработката со младите, Локалниот младински совет и општинските институции.
  • Поддршка во мобилизацијата и координацијата на младите учесници и релевантните локални чинители од соодветната општина за учество на завршната национална конференција, вклучително и нивно информирање и подготовка за активно учество.

 

  1. Времетраење и финансиска поддршка

 

Предвидено е склучување партнерски договори со времетраење од 20 месеци.

За изведување на обврските во една општина, предвиден максимален вкупен бруто буџет од 616.260 денари за целиот период на ангажман.

Финансискиот предлог треба да биде подготвен во висина на максималниот предвиден буџет по општина, со соодветна распределба и образложение на трошоците за ангажман на човечки ресурси. Висината на финансиската понуда не претставува критериум за избор и нема да влијае врз оценувањето на пријавите. Изборот на партнерските организации ќе се врши исклучиво врз основа на квалитетот на пријавата, релевантното искуство и капацитетите на организацијата, согласно критериумите за избор утврдени во јавниот повик. Финансискиот предлог ќе служи за утврдување на распределбата и оправданоста на планираните трошоци за човечки ресурси.

Заинтересираните организации треба да достават финансиски предлог (Анекс 2), подготвен врз основа на активностите и обврските утврдени во јавниот повик. Финансискиот предлог треба да ги опфати исклучиво трошоците за човечки ресурси, односно надоместоците за лицата од организацијата кои ќе бидат ангажирани за спроведување на предвидените активности.

Предлог-буџетот треба да содржи преглед на предложените позиции, предвидениот обем и времетраење на ангажманот, бруто-надоместоците и вкупните трошоци за секоја позиција.

  1. Критериуми за подобност

 

Право на учество имаат граѓански организации кои ги исполнуваат следните услови:

  • Да бидат регистрирани како правни лица во Република Северна Македонија.
  • Да бидат активно вклучени во работа со млади во општината за која аплицираат.
  • Да имаат докажливо искуство во најмалку една од следните области: младинска работа, мобилизација и вклучување млади, младинско учество, работа со млади во локални заедници или младинска менторска поддршка.
  • Да располагаат со соодветни човечки, организациски и административни капацитети за спроведување на предвидените активности.
  • Да имаат капацитет за финансиско управување и известување за средствата доделени преку партнерскиот договор.

Предност при оценувањето ќе имаат организациите што можат да покажат воспоставени контакти со младите и локалните чинители, искуство во вклучување млади со помалку можности и практично искуство во менторирање младински иницијативи.

  1. Критериуми за избор

 

Пријавите ќе се оценуваат врз основа на следните критериуми:

Критериум Максимум поени
Искуство во работа со млади и пристап до различни групи млади во соодветната општина 30
Искуство и капацитет за спроведување младински активности и обезбедување менторска поддршка 26
Искуство во соработка со локалната самоуправа, младинските совети и други релевантни локални чинители 26
Организациски, административен и финансиски капацитет 18
Вкупно 100

Изборот на локалните партнерски организации ќе го спроведе тричлена комисија, составена од по еден претставник на соодветната општина, проектниот тим и Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС).

За секоја од трите општини ќе се спроведе посебна постапка за оценување и избор, со учество на претставник од општината за која се врши изборот. Ќе бидат избрани најмногу три организации.

Оценувањето ќе се спроведе врз основа на однапред утврдените критериуми

  1. Потребни документи за аплицирање

 

Заинтересираните организации треба да ги достават следните документи:

  1. Пополнет формулар за аплицирање, со наведување на општината за која аплицираат (Анекс 1). Аплицирање за повеќе од една општина е дозволено, но во тој случај потребно е да се испратат посебни апликации за секој општина (истово важи и последователно за точки 2, 3, 4, и 5).
  2. Краток профил на организацијата вклучително и релевантни материјали или референци за претходни активности (доколку се достапни).
  3. CV за лицата што ќе бидат ангажирани за спроведување на активностите.
  4. Тековна состојба на организацијата.
  5. Финансиски предлог (Анекс 2)

 

  1. Постапка за избор

 

ИДСЦС ќе спроведе административна проверка на пристигнатите пријави и оценување на пријавите што ги исполнуваат условите за подобност.

Изборот ќе се спроведе одделно за секоја од трите општини.

Дел од организациите можат да бидат повикани на интервју доколку комисијата за одлучување смета дека е потребно во процесот.

Доколку за одредена општина не биде примена ниту една прифатлива пријава, повикот за таа општина ќе биде повторно објавен еднаш.

ИДСЦС го задржува правото да не избере организација доколку пријавите не ги исполнуваат утврдените услови.

  1. Начин и рок за аплицирање

 

Заинтересираните организации треба да ја достават комплетната документација по електронски пат на: contact@idscs.org.mk Со назнака: „Пријава за локален партнер Креатори на иднината [име на општина“

Краен рок за аплицирање: 13.12.2026, 23:59 часот.

Нецелосните и ненавремено доставените пријави нема да бидат разгледувани.

Дополнителни информации за повикот може да се побараат на: aleksandra@idscs.org.mk

 


 

Проектот „Креатори на иднината: Од идеи до локално влијание“ е поддржан од Кралството Холандија преку преку програмата МАТРА.

Поврзани објави