Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје објавува јавен повик за учество на дводневна обука за отворени податоци, која ќе се одржи на 20 и 21 август 2026 година, од 9:30 до 15:00 часот.
Обуката се организира во рамките на проектот „Отворени податоци на Собранието во пракса: Поттикнување граѓанско учество“, поддржан преку грантовата програма Digital Spark, во рамките на Регионалниот механизам за поддршка за Источна Европа и Централна Азија, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамките на Digital Democracy Initiative.
За обуката
Целта на обуката е учесниците да се запознаат со основните концепти и значењето на отворените податоци и да стекнат практични знаења и вештини за нивно користење, обработка, анализа, креирање и споделување.
Во рамките на теоретските и практичните сесии, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со:
- основните поими, принципи и значењето на отворените податоци;
- работата со бази што содржат необработени податоци без претходно изработени визуализации;
- обработката, толкувањето и анализата на отворени податоци;
- извлекувањето релевантни наоди и нивната примена во истражувањето, новинарството, застапувањето и граѓанското учество;
- креирањето и структурирањето нови бази на податоци;
- споделувањето на наодите и новосоздадените бази во форма на отворени податоци.
Обуката ќе биде интерактивна и ќе вклучува практични вежби и работа со конкретни јавно достапни бази на податоци.
Кој може да се пријави?
Повикот е наменет за претставници на граѓански организации, новинари и медиумски работници, студенти, млади истражувачи, активисти и други заинтересирани лица кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини за работа со отворени податоци.
За учество не е потребно претходно напредно знаење или искуство во работа со отворени податоци. Пожелно е, но не е задолжително, кандидатите да имаат основно познавање на Microsoft Excel, со цел полесно следење на практичниот дел од обуката. За време на обуката, потребно е секој учесник со себе на носи лаптоп.
Време и место
Датуми: 20 и 21 август 2026 година
Време: од 9:30 до 15:00 часот
Место: Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, ул. Мирослав Крлежа бр. 52, Скопје
Учесниците треба да бидат во можност да присуствуваат во текот на двата дена од обуката.
Начин на пријавување и избор
Заинтересираните лица можат да се пријават најдоцна до 16 август 2026, преку пополнување на формуларот достапен на следниот линк за регистрација.
Бројот на учесници е ограничен, а пријавите ќе се разгледуваат според принципот „прв пријавен – прв услужен“. Со цел да се овозможи учество на претставници од што е можно поголем број организации, предност ќе има по еден пријавен кандидат од секоја организација.
Деталната агенда и практичните информации ќе им бидат доставени на кандидатите кои се меѓу првите пријавени и ќе бидат избрани за учество на обуката во текот на двата дена.
За дополнителни информации, можете да се обратите на: aleksandra@idscs.org.mk
