fbpx
logo

Отворени податоци на Собранието во пракса: Поттикнување граѓанско учество

Отворените податоци се важна алатка за транспарентност, отчетност и граѓанско учество. Иако Собранието располага со портал за отворени податоци, дел од податоците се објавени во технички формати кои се тешки за користење од пошироката јавност. Ова го ограничува нивниот потенцијал за информирање, анализа и јавен надзор.

Проектот „Отворени податоци на Собранието во пракса: Поттикнување граѓанско учество“ има за цел да ги приближи собраниските отворени податоци до граѓаните, медиумите, граѓанските организации, студентите и младите. Проектот комбинира развој на кориснички ориентиран dashboard, практична обука за користење на отворени податоци, дигитална кампања и застапување за одржливост на решението.

Преку проектот ќе се визуелизираат и систематизираат избрани податоци поврзани со пратенички прашања, платформата „Мој пратеник“ и канцелариите за контакт со граѓаните. Истовремено, проектот ќе ги зајакне капацитетите на корисниците за пристапување, толкување и користење на отворени податоци за следење на работата на Собранието и поттикнување поголема јавна отчетност.

Проектот го реализира Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, со поддршка на Digital Spark програмата.

 

Период на имплементација: април 2026 – септември 2026.

Одобрени средства: 13.000 американски долари.

Донатор: Регионален механизам за поддршка за Источна Европа и Централна Азија (EECA), поддржан од Иницијативата за дигитална демократија на CIVICUS (DDI).

 

Поврзани објави