Ова истражување нуди аналитички преглед на Реформската агенда 2024–2027 на Северна Македонија и нејзината поврзаност со Берлинскиот процес и Планот за раст на Европската Унија. Фокусот е ставен на реформите како услов за економска интеграција и пристап до европска финансиска поддршка, како и на предизвиците во нивната имплементација.
Публикацијата ги анализира клучните реформски приоритети во четири области: човечки капитал, деловно управување и деловно опкружување, дигитализација и декарбонизација, со фокус на конкретните мерки, очекуваните резултати и ризиците во нивната имплементација.
Посебен дел е посветен на придобивките за граѓаните и бизнисите, но и на јазот меѓу договорените политики и нивната реална примена. Анализата укажува на институционалните капацитети, координацијата и јавната вклученост како клучни фактори за успешното спроведување на реформите.
Документот содржи и препораки за подобро следење, транспарентност и отчетност, со цел Реформската агенда и Берлинскиот процес да придонесат за одржлив економски развој и поефикасна европска интеграција.
Прочитајте повеќе:
Преглед и анализа на Реформската агенда 2024–2027 со осврт на Берлинскиот процес
Овој извештај е изработен од страна на Институт за демократија „Социетас Цивилис”, во рамки на проектот „Зајакнување на учеството на граѓаните и бизнисите во Берлинскиот процес и Реформската агенда на Северна Македонија“, финансиран од Фондација Отворено општество – Западен Балкан. Изнесените ставови и мислења се само на авторот(ите) и не ги одразуваат нужно ставовите на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан.







