На следниот линк може да ја најдете целосната книга „Живот за утре: општествени трансформации во Југоисточна Европа“
Оваа книга го истражува општествениот живот во земјите во Југоисточна Европа, настанaт како резултат на спојот на формалните институции, создадени во процесот на неолибералната и европска транзиција, и неформалните институции обликувани од културните традиции и искуствата во социјалистичкиот период.
Четири главни целини ја отсликуваат содржината на книгата. Првиот дел расправа за ставовите на жителите на Западен Балкан за транзициските промени и адаптацијата во новите општествени услови. Вториот дел расправа за (не)способноста на општествата од Југоисточна Европа за промена. Третиот дел ја разгледува жената во транзициските процеси во регионот. Во четвртата целина се разгледуваат неформалните институции и практики во регионот.
Изданието произлегува од проектот „Отпор кон социоекономските промени во општествата од Западен Балкан. Тестирање на две теории за општествен развој“, спроведен од Центарот за емпириски културни студии на Југоисточна Европа (Србија), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (Македонија), Центарот за општествени истражувања Косово (Косово) и Центарот за општествени истражувања „Аналитика“ (Босна и Херцеговина). Овој проект беше реализиран во 2012-2013 година, во рамките на Регионалната програма за промоција на истражувања во Западен Балкан (РППИ), предводена од Универзитетот Фрајбург во тек на мандатот на Швајцарската агенција за развој и соработка, Федерален оддел на Министерството за надворешни работи.
Настани поврзани со проектот
Се одржа промоцијата на книгата “Живот за утре: општествени трансформации во Југоисточна Европа”
15.10.2015Мнозинство од граѓаните на Македонија, Србија, Косово и Босна и...
Излезе од печат книгата „Живот за утре – Општествени трансформации во Југоисточна Европа
01.07.2015Во издание на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“- Скопје (ИДСЦС)...
Повик за објавување на текстови
22.10.2013Центарот за емпириски културни студии на Југоисточна Европа (Србија), Институтот...
Меѓународна научна конференција „Изгубени во транзицијата – граѓанска вклученост во транзиционите промени во општествата од Западен Балкан“
03.07.2013Центарот за емпириски културни студии на Југоисточна Европа (Србија), Институтот...
Изгубени во транзицијата – граѓанска вклученост во транзиционите промени во општествата од Западен Балкан
08.05.2013Центарот за емпириски културни студии на Југоисточна Европа (Србија), Институтот...