fbpx
logo

Дали вашите деца знаат за корупција?

Дали зборувате отворено со вашите деца на тема корупција? Колку вашите деца се свесни за корупцијата во општеството? Дали знаат каде треба да се пожалат доколку посведочат корупција? Сите држави имаат проблем со корупција, но во различен обем. Оваа таканаречена социјална болест во нашата држава има пуштено корени во секоја институција, а тоа дефинитивно ja […]

Одржана обука за зајакнување на капацитетите на Собранието во борбата против корупција

Во периодот 17-20 мај, Институт за демократија ја одржа обуката „Информирани пратеници, отчетни институции“ со цел зајакнување на капацитетите на Собранието за борба против корупција. На обуката присуствуваа асистентите на пратеничките групи, вработените во Парламентарниот институт и Буџетската канцеларија при Собранието, а со цел нивно запознавање со процесите и алатките за борба против корупција. Фокусот […]

„Огледалце, огледалце, како ни оди против корупцијата?“ Насоки за надзор врз националната стратегија

Надзорот, при исполнувањето на Националната стратегија за борба против корупција, е важно средство за да обезбеди дека таа дава конкретни резултати за граѓаните, што е цел на секоја јавна политика. Клучното што треба да се обезбеди за да постои успешен надзор е да се препознае дали реформите содржани во стратегијата се делотворни и дали ја […]

Централни напори, фрагментирани надлежности: Владини aнтикорупциски планови и улогата на Собранието

Антикорупциските политики и наративи заземаат сè поголемо место во агендите на владите во регионот на Западен Балкан. Корупцијата претставува една од главните грижи на граѓаните што влијае врз квалитетот на нивниот живот. Северна Македонија е една од земјите со сериозни предизвици во борбата против корупцијата, чија влада, независно од крајниот ефект, произнесе силни заложби во […]

Учењето за борба против корупција функционира, останува уште образованието

Резултатите од истражувањето покажуваат дека наставните помагала се соодветна алатка за пренесување на знаења за проблемот на корупцијата во земјата, а наставниот процес и наставниците успеаја да го подигнат нивото на знаење на учениците. Доколку за корупцијата се зборува отворено на часовите, и водени од систематски начин на пренесување на знаењето, ќе се постигнат резултати […]

Борбата против корупција за време на пандемијата: намалени напори и стагнација

Борбата против корупција мора да продолжи и во услови на криза. Справувањето со пандемијата на Ковид-19 покажа дека намалените антикорупциски напори придонесуваат кон продлабочување на кризата и оневозможуваат ефикасен одговор на институциите. Стагнирање во владеењето на правото и борбата против корупција е забележано во повеќето извештаи кои го следат напредокот на државата. Северна Македонија е […]

Колку чини и колку треба да чини борбата против корупцијата?

Борбата против корупцијата не е бесплатна. Како мултидимензионален проблем борбата против корупцијата бара политички, институционални и материјални ресурси кои ќе ги отсликаат декларативните заложби и ќе придонесат кон видливи резултати. Дури и во услови на потенцијален политички консензус тоа не значи дека борбата против корупцијата може ефикасно да се спроведе доколку најпрво не се распределат […]

ИДСЦС разговараше со засегнати страни за вложување заеднички напори во борбата против корупцијата

Институт за демократија во рамки на проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот“ одржа неколку средби со претставници на Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Државната комисија за спречување на корупцијата и членовите на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Учесниците дискутираа за можностите за зајакнување на институционалните капацитети […]

Видео: #УчимеЗаКорупцијата со Стефан Николиќ

Си бил сведок на корупција и не знаеш каде да ја пријавиш ⁉️ 📹ℹ️ Погледни го видеото на ТикТокерот Стефан Николиќ и информирај се кои алатки за пријавување на корупција ти стојат на располагање. #УчимеЗаКорупцијата