Надзорот, при исполнувањето на Националната стратегија за борба против корупција, е важно средство за да обезбеди дека таа дава конкретни резултати за граѓаните, што е цел на секоја јавна политика. Клучното што треба да се обезбеди за да постои успешен надзор е да се препознае дали реформите содржани во стратегијата се делотворни и дали ја намалуваат корупцијата односно го подобруваат животот на граѓаните. Оттука, потребно е да се набљудуваат три групи информации:
- Како исполнетите активности ги остваруваат целите зададени во стратегијата – цели кои треба да доведат до добро управување;
- Со колкави ресурси се остварува стратегијата и дали е потребно да се зголеми инвестицијата во антикорупциските активности;
- Во колкава мера стратегијата е актуелна и што е тоа што треба да се дополни
На овој начин надзорот е фокусиран кон утврдување на успех и неуспех, но таа состојба ја поврзува со инвестицијата како значаен фактор на прогрес и израз на политичката волја, неопходна за антикорупцијата.
Прочитајте го целиот бриф за јавна политика на македонски јазик тука:
„Огледалце, огледалце, како ни оди против корупцијата?“ Насоки за надзор врз националната стратегијa
Прочитајте го целиот бриф за јавна политика на албански јазик тука:
Прочитајте го целиот бриф за јавна политика на англиски јазик тука: