Стратегизирање од иднината: Нови начини на планирање на борбата против корупцијата

Процесот од дизајнирање до производство на нов автомобил трае околу десетина години. За инженерите и дизајнерите трикот е да направат автомобил не за потрошувачите денес, туку за пазарот, онаков каков што може да биде за една деценија отсега. Овој процес вообичаено се нарекува foresight, а кај нас, во оваа смисла би го превеле како далекувидост. […]
Промени на дело: Следење на Националната стратегија за борба против корупција

Националната стратегија за борба против корупцијата беше донесена во Собранието на Република Северна Македонија во април 2021 година. Таа претставува сеопфатен документ што ги дава основните насоки за реформскиот план насочен кон сузбивање на корупцијата. Покрај насоки и теми од важност за борбата против корупцијата, Стратегијата дава и конкретни заложби што треба да се остварат […]
Видео: Три децении антикорупциски лет во место

Историски преглед на борбата против корупцијата од независноста до денес. Приватизација, ТАТ, Октопод, Бачило, Скопје 2014, формирање на ДКСК, СЈО се само едни од многуте настани кои што ги одбележаа изминатите 30 години.
Антикорупциската комисија во извештајот на Европската комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) e превентивна, самостојна и независна. ДКСК ги дополнува институциите што ја гонат корупцијата, преку водење поединечни постапки, развој на политики и законодавството. ДКСК првично е превентивно тело и согласно со законските одредби има ограничени надлежности за спроведување мерки при прекршување на законот. Токму затоа успехот во борбата против […]
Како се инвестира во борбата против корупцијата?

Борбата против корупцијата не е бесплатна. Затоа државата треба значително да инвестира во институциите со најизразени надлежности во борбата против корупцијата, како Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија, Инспекцискиот совет и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Од овие четири институции, инспекциските служби се тие што имаат како превентивна, така и репресивна […]
Локални избори 2021 и борбата против корупцијата на локално ниво

Локалната самоуправа е основа на демократијата. Општините, како најблиски форми на власт до граѓаните, треба да ги задоволуваат нивните интереси и потреби на локално ниво. Изборните кампањи се период кога претендентите за локалната власт ги образложуваат заложбите, визијата и програмата за развојот за следните четири години. Во услови на разнишана доверба на граѓаните кон институциите, […]
ИДСЦС ја организираше работилницата „Колку чини борбата против корупцијата?“

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во рамки на проектот „Антикорупциски разговори во Парламентот“, од 22 до 24 септември во Охрид ја организираше работилницата „Колку чини борбата против корупцијата?“. На работилницата присуствуваа пратеници од Собранието, претставници од Кабинетот на Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, како и претставници на Државниот […]
Видео: Колку чини борбата против корупцијата?

Во трката против системските проблеми се натпреваруваат корупцијата и државата. Погледнете го видеото за да видите што се е потребно за државата да победи во овој натпревар и да ја порази корупцијата.
Локални избори 2021 и улогата на антикорупциските институции

Изборот на граѓаните на Локалните избори ќе определи кој ќе раководи со локалната заедница и во која насока ќе се движи локалниот развој. Евидентно е дека локалните теми стануваат сè поважни за граѓаните бидејќи управувањето на локално ниво директно влијае врз нивниот квалитет на живот. Финансирањето на кампањата за локалните избори е клучен индикатор за […]