Партиските програми и борбата против корупцијата: визија или предизборен памфлет?

Предизборието е период кога граѓаните очекуваат политичките партии да покажат дека ги разбираат нивните проблеми и очекувања. Повеќе од обично, политичките партии треба да покажат дека имаат јасни и одржливи идеи за како да пристапат за нивно решавање. Во услови на висок степен на недоверба кон политичарите, предизборните активности се последната шанса на партиите за […]
Повик за учество на обуки

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работата на Државната комисија за спречување на корупција“, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија, организира две обуки за Следење на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата и политичките партии за време на изборен период и Антикорупциски […]
(Анти)корупцијата во 2019 и што со неа во 2020 година?

Минатата (2019) година беше амбивалентна во поглед на борбата против корупцијата. Годината започна со новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Во февруари 2019 година, низ процес на јавно интервју во Собранието, беше избран нов состав на ДКСК. Овој процес на соработка и консултација е позитивен пример за начин на избор и […]
Закон за јавни набавки: (анти)корупциски одредби и ризици

Новиот Закон за јавни набавки (ЗЈН), стапи на сила на 1 април 2019. Законот кој претходеше претрпе 17 измени и дополнувања од донесувањето во 2007 година. Новиот закон беше анализиран од Центарот за граѓански комуникации во публикацијата „Анализа на антикорупциските одредби и ризиците од корупција во новиот Закон за јавни набавки“. Новиот законски текст, беше […]
Продолжен повикот за консултант за подготовка на едукативна програма за антикорупција

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје го продолжува отворениот повик за консултант за подготовка на едукативна програма во рамки на проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно образование“ финансиран со помош од Амбасадата на Холандија во Скопје, имплементиран од ИДСЦС во периодот 1 јануари 2019 – 31 декември 2020. Апликацијата (професионално резиме и понуда […]
Како до интегритет во Државната комисија за спречување на корупцијата?

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е една од клучните институции во македонскиот систем за борба против корупцијата. Таа е замислена како водечка институција за превенција – клучна во создавањето предуслови за останатите институции на политичкиот систем да можат да се спротивстават на притисоците од корупцијата. Оттука, таа е задолжена за набљудување на останатите […]
ВИДЕО: Антикорупционерите тивки пред корупцијата
Антикорупциски билтен за активностите на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа

На следниот линк можете да го прочитате билтенот за активностите на организациите кои се дел од Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ во областа на борбата против корупцијата. Билтен бр. 34 – Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа
Препораки: Како до поефикасна борба против корупцијата?

Системот за борба против корупција не функционира. Како последица на тоа се забележува значително зголемување на степенот на толеранција кон корупција. Потребни се итни и опсежни реформи со цел институциите да го повратат интегритетот и повторно да воспостават систем кој ќе ги штити граѓаните кои пријавуваат корупција. Мора да се воспостаи и систем на одговорност […]