fbpx
logo

Институт за демократија ја промовираше студијата „Северна Македонија на Европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“

Институтот за демократија денеска во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ ја презентираше студијата „Северна Македонија на Европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“ која го анализира степенот на пропорционалност помеѓу распределбата на гласови и распределбата на пратенички места во македонскиот изборен модел. Преку споредба со 31 друга европска држава, студијата утврдува дека Република Северна Македонија […]

Промени на дело: Следење на Националната стратегија за борба против корупција

Националната стратегија за борба против корупцијата беше донесена во Собранието на Република Северна Македонија во април 2021 година. Таа претставува сеопфатен документ што ги дава основните насоки за реформскиот план насочен кон сузбивање на корупцијата. Покрај насоки и теми од важност за борбата против корупцијата, Стратегијата дава и конкретни заложби што треба да се остварат […]

„Огледалце, огледалце, како ни оди против корупцијата?“ Насоки за надзор врз националната стратегија

Надзорот, при исполнувањето на Националната стратегија за борба против корупција, е важно средство за да обезбеди дека таа дава конкретни резултати за граѓаните, што е цел на секоја јавна политика. Клучното што треба да се обезбеди за да постои успешен надзор е да се препознае дали реформите содржани во стратегијата се делотворни и дали ја […]

Панел дискусија: Романското претседателство го задржува интересот на ЕУ на Балканот

Европската Унија ќе ја продолжи својата агенда на Балканот и за време на претседателството на Романија со Европскиот Совет во следните шест месеци. Приоритетите, како што поспочи амбасадорот на Романија во Македонија, Виорел Станила, остануваат да бида растот, безбедноста, засилувањето на позицијата на ЕУ како глобален актер и промоција на заедничките демократски вредности на Унијата. […]

Коментар на Институт за Демократија “Социетас Цивилис” (Центар за евроинтеграции) за заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија

idscs logo mk web

На 26 јуни, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ се состанаа да разговараат, меѓудругото и за препораката на Европската комисија за отпочнување на пристапни преговори со Албанија и Македонија. Во однос на Македонија, тие успеаа да постигнат компромис што и овозможува на Македонија да отпочне со преговори во јуни 2019, под услов започнатите реформи […]

Трка на 3, 6 и 9 со пречки: Препораката е обезбедена, што понатаму?

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот. Во таа насока 03-ти мај, 2018 година (четврток) со почеток од 10 часот во ЕУ Инфо […]

Извештај од набљудување на спроведувањето на реформите од План 3-6-9 во вторите 3 месеци

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС во соработка со фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9. Врз основа на методологија развиена од ИДСЦС се проценува реализираноста на активностите наведени во планот. Вториот извештај кој се однесува на вторите три месеци од спроведувањето на планот, e јавно презентиран на 5 март 2018, понеделник, во ЕУ Инфо […]