(Анти)корупцијата во 2019 и што со неа во 2020 година?

Минатата (2019) година беше амбивалентна во поглед на борбата против корупцијата. Годината започна со новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Во февруари 2019 година, низ процес на јавно интервју во Собранието, беше избран нов состав на ДКСК. Овој процес на соработка и консултација е позитивен пример за начин на избор и […]
Закон за јавни набавки: (анти)корупциски одредби и ризици

Новиот Закон за јавни набавки (ЗЈН), стапи на сила на 1 април 2019. Законот кој претходеше претрпе 17 измени и дополнувања од донесувањето во 2007 година. Новиот закон беше анализиран од Центарот за граѓански комуникации во публикацијата „Анализа на антикорупциските одредби и ризиците од корупција во новиот Закон за јавни набавки“. Новиот законски текст, беше […]
Продолжен повикот за консултант за подготовка на едукативна програма за антикорупција

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје го продолжува отворениот повик за консултант за подготовка на едукативна програма во рамки на проектот „Антикорупциска едукација за ученици од средно образование“ финансиран со помош од Амбасадата на Холандија во Скопје, имплементиран од ИДСЦС во периодот 1 јануари 2019 – 31 декември 2020. Апликацијата (професионално резиме и понуда […]
Како до интегритет во Државната комисија за спречување на корупцијата?

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е една од клучните институции во македонскиот систем за борба против корупцијата. Таа е замислена како водечка институција за превенција – клучна во создавањето предуслови за останатите институции на политичкиот систем да можат да се спротивстават на притисоците од корупцијата. Оттука, таа е задолжена за набљудување на останатите […]
ВИДЕО: Антикорупционерите тивки пред корупцијата
Антикорупциски билтен за активностите на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа

На следниот линк можете да го прочитате билтенот за активностите на организациите кои се дел од Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ во областа на борбата против корупцијата. Билтен бр. 34 – Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа
Препораки: Како до поефикасна борба против корупцијата?

Системот за борба против корупција не функционира. Како последица на тоа се забележува значително зголемување на степенот на толеранција кон корупција. Потребни се итни и опсежни реформи со цел институциите да го повратат интегритетот и повторно да воспостават систем кој ќе ги штити граѓаните кои пријавуваат корупција. Мора да се воспостаи и систем на одговорност […]
Корупцијата во Македонија расте, отпорот слабее

Коруптивниот притисок од страна на службените лица (барање на мито или услуга) и вклученостa од страна на граѓаните бележат зголемување споредбено со истражувањето од 2014 година. Ова значи раст на административната корупција. Ако во 2014 г. секој четврти полнолетен граѓанин бил соочен со барање да даде поткуп, во 2016 г. со тоа се соочил речиси […]
Извештај на СЕЛДИ: Главните напори да се насочат кон справување со високата политичка корупција и со заробената држава

Во ниту една од земјите од регионот на југоисточна Европа не е забележан јасен и издржан пробив на политики во областа на борбата против корупцијата. Сепак, се забележуваат напори да се внесат технички решенија и да се подобри работата на правосудните институци кои во најголем дел се поддржани од Европската Унија и во некои сегменти […]