Апел на Институт за демократија: Граѓаните да гласаат и да ја донесат одлуката на референдумот

Институтот за демократија ги повикува граѓаните на Македонија да излезат и гласаат на претстојниот референдум на 30 септември. Визијата на ИДСЦС е Македонија да биде високо развиена демократија на слободни и активни граѓани. Нашата мисија е да ја помогнеме граѓанската вклученост во носењето на одлуки и да ја зајакне партиципативната политичка култура. Оттука, сметаме дека […]
Јавна реакција на Иницијативата на Блупринт – Предлог за итни демократски реформи на измените на Законот за финансирање на политичките партии

Во врска со неодамнешното донесување на измените и дополнувањата на Законот за финансирање на политички партии, би сакале да ја информираме јавноста за следните недостатоци и проблеми. Проблеми со начинот на кој овие решенија се носат Усогласувањето на законските решенија беше направено на нетранспарентен начин кој не ги опфати сите засегнати страни: политичките партии, медиумите, јавноста и […]
Коментар на Институт за Демократија “Социетас Цивилис” (Центар за евроинтеграции) за заклучоците на Советот на ЕУ за Македонија

На 26 јуни, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ се состанаа да разговараат, меѓудругото и за препораката на Европската комисија за отпочнување на пристапни преговори со Албанија и Македонија. Во однос на Македонија, тие успеаа да постигнат компромис што и овозможува на Македонија да отпочне со преговори во јуни 2019, под услов започнатите реформи […]
Промовиран стандардизиран урнек за годишен извештај за независни тела кои одговараат пред Собранието

Во Собранието на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше презентиран стандардизиран облик на годишен извештај кој ќе го доставуваат независните и регулаторните институции кои имаат обврска годишно да го известуваат парламентот за својата работа. Целта на новата форма за известување е да се зголеми транспареноста за работата на овие институции, да ја […]
Реакција по повод предлог- Закон за употреба на јазиците

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ ги поздравува сите заложби за унапредување на употребата на јазиците на заедниците. Во таа насока, ја повикуваме Владата Законот за употреба на јазиците да се даде на мислење на Венецијанската комисија и нејзините забелешки да се вградат во текстот на законот како што е предвидено во Планот 3-6-9. Потсетуваме дека […]
Прирачник за локалните избори 2017 – Второ дополнето издание

Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) ви го претставуваат второто дополнето издание на Прирачникот за локални избори во Република Македонија – 2017 . Електронското издание на прирачникот е достапо на македонски, албански и англиски јазик и може бесплатно да се преземе на следните линкови: Прирачник за локални избори 2017 […]
Анализи: Формуларите за ПВР не ја постигнуваат целта, треба да се пресметуваат и трошоците на администрацијата

Центарот за економски анализи и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ презентираа два документи за јавни политики кои се однесуваат на елементи од процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР). Публикациите во вторникот (12.12.2017) ги претставија авторите Наталија Шикова и Горан Ковачев на промоцијата која се одржа во хотел Холидеј ИН. Шикова во документот „Анализа на квалитетот на формуларите […]
Следење на спроведувањето на реформите: „Трка на 3-6-9 со пречки“

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) поддржан од фондацијата Конрад Аденауер го следи спроведувањето и исполнувањето на реформите од Планот 3-6-9, врз основа на методологијата развиена од ИДСЦС според која се проценува реализираноста на активностите наведени во планот. Првиот извештај кој се однесува на првите три месеци од спроведувањето на планот, беше јавно презентиран на 28ми ноември, вторник, во ЕУ Инфо […]
ИДСЦС ќе го набљудува спроведувањето на реформите
На Македонија и требаат многу реформи, кои ќе навлезат во суштината на наталожените проблеми и ќе се спроведат во блиска иднина. Од начинот и успехот во решавањето на прашањата наведени во реформските документи како „Итните реформски приоритети, „Извештајот на групата експерти предводени од Прибе“, владиниот „План 3-6-9“ и граѓанскиот „Предлог за итни демократски реформи“ зависи [...]