logo

ИДСЦС ќе го набљудува спроведувањето на реформите

Share on facebook
Share on twitter

На Македонија и требаат многу реформи, кои ќе навлезат во суштината на наталожените проблеми и ќе се спроведат во блиска иднина. Од начинот и успехот во решавањето на прашањата наведени во реформските документи како „Итните реформски приоритети, „Извештајот на групата експерти предводени од Прибе“, владиниот „План 3-6-9“ и граѓанскиот „Предлог за итни демократски реформи“ зависи и брзината на враќањето на Македонија на патот за приклучување во Европската Унија.

Затоа, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во соработка со канцеларијата на фондацијата Конрад Аденауер денеска го објавија почетокот на проектот „ Набљудување на напредокот во пристапните реформи на Македонија кон Европската Унија“ (Perform on Reform – Monitoring Macedonia’s EU accession package of reforms).

Aктивностите од проектот ќе вклучуваат набљудување на тоа како се спроведува реформскиот процес во земјата. Во таа насока, ИДСЦС ќе изработи методологија за тоа како ќе се набљудуваат реформите и како ќе се мери нивната успешност. Од истражувањето ќе произлезат извештаи кои ќе бидат презентирани на јавноста откако Владата ќе ги објави своите извештаи за спроведените реформи

„Покрај анализата на спроведувањето на планот, ќе има и сегменти каде ќе се даваат и препораки како може да се подобри спроведувањето на одредени мерки, дури и да се предложат алтернативни мерки за постигнување на зацртаните цели во Планот 3-6-9 и извештајот на Прибе“ изјави Зоран Нечев, координатор на проектот од ИДСЦС.  

Директорот на Конрад Аденауер за Македонија посочи дека целта на проектот е да помогне во исполнувањето на критериумите за почеток на преговори на Македонија со Европската Унија.

„Европската иднина на Македонија зависи од спроведувањето на овој план и затоа е суштински да се мобилизира целиот капацитет на оваа земја независно од нивниот професионална, или институционална припадност за да се извлече и спроведе најдоброто од него и да се спроведат реформите на оддржлив начин“ рече Раи.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во обраќањето на настанот посочи дека кризата остави тешки последици во општеството и по угледот на Македонија во меѓународните односи. Османи посочи дека планот 3-6-9 треба да ја врати државата нa европскиот колосек и дека интеграцијата во ЕУ не и припаѓа ексклузивно на владата туку треба да ги обедини сите чинители за да биде остварена.

„Тоа процес мора да биде инкузивен и ставен на надпартиска, надетничко ниво , меѓутоа и инклузивен во делот на вклучувањето на граѓанското општество. Тоа е проект на целата држава. Планот 3-6-9 не е проект на Владата, тоа е проект на целото општество, проект на државата, проект на невладините организации, проект на секој граѓанин на секој академик на секој наставник, на секој пратеник. Целта е да направиме европско општество“ изјави Османи.

Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС како дополнителна причина за следење на спроведувањето на реформите го наведе и сознанието дека според истражувањата голем број граѓани не се запознаени со тоа што содржат реформските приоритети.

Тоа е план за ослободување на заробената држава, како што беше забележано од Европската унија. Затоа треба сите да го следиме, а не да и се остави само на Владата“, рече Трошановски.

Проектот ќе се одвива во период од 11 месеци и е финансиран од страна на канцеларијата на фондацијата Конрад Аденауер во Скопје.

Настани поврзани со проектот

Панел дискусија: Граѓанските организации и експертите ќе бидат директно вклучени во пристапните преговори со ЕУ

21.09.2018

Македонија во преговорите за приклучување кон Европската Унија ќе користи...

Инфографик: Набљудување на спроведувањето на последните 3 месеци од План 3-6-9

08.05.2018

Целосниот извештај е достапен на следниот линк: https://idscs.org.mk/mk/2018/05/03/%D1%82%D1%80%D0%BA%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-3-6-%D0%B8-9-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B5-%D0%BE%D0%B1%D0%B5/

Трка на 3, 6 и 9 со пречки: Препораката е обезбедена, што понатаму?

03.05.2018

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка...

Извештај од набљудување на спроведувањето на реформите од План 3-6-9 во вторите 3 месеци

05.03.2018

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС во соработка со фондацијата...

Инфографик: Следење на спроведувањето на реформите од План 3-6-9

04.12.2017

Линк до инфографикот: 369_ver3_final' Линк до целосниот извештај на македонски,...

Следење на спроведувањето на реформите: „Трка на 3-6-9 со пречки“

27.11.2017

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) поддржан од фондацијата Конрад...

Поврзани објави