logo

Промовиран стандардизиран урнек за годишен извештај за независни тела кои одговараат пред Собранието

Share on facebook
Share on twitter

OSCE5

Во Собранието на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше презентиран стандардизиран облик на годишен извештај кој ќе го доставуваат независните и регулаторните институции кои имаат обврска годишно да го известуваат парламентот за својата работа.

Целта на новата форма за известување е да се зголеми транспареноста за работата на овие институции, да ја подобри можноста за квалитетен увид во работата од страна на пратениците и јавноста.

Процесот на изработка на стандардизираниот урнек за известување кој се јави како потреба на членовите на парламентарната Комисија во насока на зголемување на капацитетот за вршење на надзор е добар пример за инклузивност. Процесот го предводеа членови на комисијата и мисијата на ОБСЕ во Скопје со кои соработуваа членови на ИДСЦС и претставници на сите 12 независни агенции и регулаторни тела кои имаат обврска да известуваат до Комисијата.

Дел од институциите најавија дека нивните извештаи за работата во 2017 кои имаат обврска да ги достават до Собранието до крајот на март 2018 веќе се изработуваат во новиот урнек. Годишните извештаи кои ги поднесуваат овие институции ќе бидат достапни на интернет страницата на Собранието во секцијата „материјали“:

http://www.sobranie.mk/materijali.nspx

Фотографиите се преземени од профилот на мисијата на ОБСЕ во Скопје – https://www.facebook.com/OSCE.Skopje/

Поврзани објави